Здружени за доброто на заедницата

Здружени за доброто на заедницата

Здружени за доброто на заедницата

Цел на проектот е имплементирање на програма која ќе одговори на потребата од ангажирање на граѓаните – односно “да ги ангажира граѓаните во процесот на планирање и донесување одлуки на локалната самоуправа за да произведат резултати кои ги рефлектираат потребите, аспирациите и приоритетите на граѓаните и конечно да произведуваат подобри планови, буџети и управувачката ефикасност на извршната и законодавната власт на локално ниво Проектот претставува холистички пристап „од долу нагоре” врз основа на специфичната природа на локалните проблеми,каде што локалните заинтересирани страни ги здружуваат силите за да ги искористат ефективно внатрешните потенцијали на нивната територија. Целите на проектот директно се насочени кон напорите да се зајакне улогата на институциите на локално ниво и на ниво на поголемо учество на

граѓаните во локалните процеси.

Граѓанските организации како битна алка во целиот процес ја додаваат додадената вредност на целите и активноостите на проектот. Целите директно се насочени кон партнерствата што ги вклучуваат локално население, граѓанските организации и ја потикнуваат интеракцијата и соработката помеѓу населението, а и меѓу населението и локалните власти.

 

Проектот се реализираше во периодот од 01.04 – 31.12.2018 со поддршка од АЛДА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *