Малите општини против евроскептицизмот

Малите општини против евроскептицизмот

Малите општини против евроскептицизмот

Проектот “Малите општини против евроскептицизмот” е спроведуван од апликантот ЛАГ Призаг Хрватска во партнерство со 8 држави од Европа, со финансиска поддршка од програмата “Европа за граѓаните”. Цел на овој проект е да се истажи јавноот мислење и да се дебатира за евроскептицизмот во малите општини и руралните средини. Во текот на проектната имплементација во траење од 19 месеци, беа организирани 6 меѓународни настани. Четири од нив беа јавни дебати во кои граѓаните активно ги искажаа своите мислења и ставови за Европската Унија и нејзината иднина. На настаните учество зедоа многу лица од различна националност, возраст, професионално искуство, етничка припадност и верувања како студенти, фармери, јавни личности, пензионери … На дебатите беа споделени позитивните и негативните ставови поврзани со членството во ЕУ, реализираните проекти и нивниот успех, предизвиците со кои се соочуваат земјите членки и земјите-кандидати за членство во ЕУ, како и интеракцијата со граѓанското општество и институциите. Активното вклучување на младите беше присутно низ целиот проект. Дебатите отворија прашања за евроскептицизмот (причини, закани, грижи, добри практики …) со помош на граѓани, волонтери и други претставници. Проектот овоможи отворена дебата за Европа, перспективите на граѓаните и што би сакале да се промени во иднина за зголемување на квалитетот на животот во локалната заедница.

Проектни активности: Во текот на проектот беа организирани 6 настани. Првиот, официјален настаб – отворање на проектот, се одржа во Хрватска. Претстојните настани беа структурирани како јавни дебати каде граѓаните ги изразуваа своите мислења за ЕУ. Првата дебата беше во Португалија, втора во Романија, третата во Македонија и четврта во Словенија. Финалниот настан, завршната конференција на проектот, повторно се одржа во Хрватска.

Проектот е финансиски поддржан од Европа за граѓаните

 

Повеќе за резултатите прочитајте на линкот подолу:

https://online.foxitsoftware.com/reader/share/NmFlOGZm?fbclid=IwAR2vQ9KehxoRzjdhbxKKOW384bD58pa1GWs69RCocQUSmSyPSPzayL1Iw0o

 

Брошурата од цел проект е во прилог:

https://www.smug-eu.eu/wp-content/uploads/2019/05/Smug-EN-hi-res.pdf

 

Project results published!

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *