НОВОСТИ

Повик за анкетари за спроведување истражување за идентификување на реалните проблеми и потреби на жените ангажирани во земјоделскиот сектор и во областа на руралниот туризам

 

Здружението за рурален развој Локална Акциона група Агро Лидер за успешно спроведување на активностите во проектот “„Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”” поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија објавува повик за четворица (4) анкетари за периодот  септември – октомври 2020 година за спроведување на теренско истражување за идентификување на реалните проблеми и потреби на жените ангажирани во земјоделскиот сектор или во областа на руралниот туризам во општините Прилеп (рурален дел), Кривогаштани, Долнени и Крушево.

Ова истражување цели да обезбеди податоци и информации за идентификување на реалните проблеми и потреби на жените ангажирани во земјоделскиот сектор или во областа на руралниот туризам.

Од оваа активност ќе се идентификуваат предизвиците, но и можностите за понатамошно подобрување на состојбата на жените – земјоделки во руралните среидни особено во делот на социо – економските ефекти од КОВИД 19

Притоа, од областа на детектираните приоритети ќе се пристапи кон креирање на јавни политики кои ќе ги адресираат нивните права за пристап до средства, ресурси и можности со цел намалување на родовиот “јаз”, но и јазот помеѓу правата и пристапот до можности на жената од урбаната средина и жената од руралната средина кој се повеќе се зголемува, односно ќе биде подготвен Документ за јавни политики.

За потребите на истражувањето, распишуваме повик за ангажирање на 4 (четворица) анкетари кои ќе бидат директно вклучени во спроведување на теренско истражување и анализа н а добиените податоци.

Теренското истражување предвидува спроведување на 400 прашалници во општините Прилеп (рурален дел), Кривогаштани, Долнени и Крушево.

Со цел соодветно собирање на податоците на терен, за избраните анкетари ќе биде обезбеден еднодневен тренинг на кој присуството е задолжително.

Селектираните анкетари ќе бидат ангажирани да спроведат по 100 анкети со жени – земјоделки, жени индивидуални земјоделки,  жени ангажирани во земјоделие на неформален начин, жени ангажирани во преработки на земјоделски производи, локални капацитети во рурални средини кои се дел од руралниот туризам, бизнис ентитети од областа на гастрономијата. За ангажманот предвиден е финансиски надоместок од 11 000 мкд бруто износ.

Сите заинтересирани потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

  • Да се пололетни;
  • Да имаат мотивација да бидат вклучени во теренско спроведување на истражување;
  • Да се во можност да го спроведуваат истражувањето во текот на работно време;
  • Претходно искуство во анкетирање ќе се смета за предност;
  • Да присуствуваат на еднодневен тренинг;
  • Добри комуникациски вештини.

 Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV (биографија), најдоцна до 07ми спетември 2020 на lagagrolider@gmail.com  со назнака „Пријава за анкетар“.

Сите прашања за повикот може да ги упатите на истата мејл адреса.

 

Со почит,

Тимот на ЛАГ Агро Лидер

 

 

 

 

Повик за правник за вклучување во проектот „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”

 

Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, за успешно спроведување на активностите во проектот “„Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”” поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија објавува повик за ангажирање на еден (1) правник/правничка.

Главна цел на проектот е Зајакнување на социјалната и економската состојба на жената од руралните средини преку градење на економски одржливи земјоделски фарми и локални капацитети, воспоставување на пристап до советодавна поддршка и креирање на јавни политики за правна еднаквост

Задачи и обврски на ангажираниот/а правник/чка:

– Правникот/правничката ќе биде ќе биде вклучен/а во обезбедување на бесплатна правна помош на жените од руралните средини во поглед на пристап до права од социјалната заштита и права на земјоделска дејност, со ангажман од  6 работни часа неделно во времетраење од 12 месеци во канцеларијата на Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР во Прилеп, во вклучени посети во руралните средини во Пелагонискиот Регион.

– Правникот/правничката ќе биде задолжен/а за давање на совети на жени од руралните средини, жени ангажирани во земјоделска дејност или во бизнис ентитети во руралните средини.

– Воспоставување на комуникација со надлежни инстиуции за обезбедување на целосна информативна и советдавна поддршка

Овој анагажман цели кон воспоставување на правна помош и советодавна поддршка за жени од рурални средини и/или жени вклучени во земјоделска дејност или рурален економски развој, преку континуирана достапност на информации за начинот на вршење на земјоделската дејност или дејности во склоп на руралниот развој, олеснувањата и поволностите што ги нуди државата во нормални и во кризни услови, но и информации за поврзување на правата од работен однос во контекст на вршење на земјоделската дејност.

Услови што треба да ги исполнува кандидатот/ката:

  • Дипломиран/а правник/чка со завршено високо образование;
  • Претходно искуство во обезбедување на правна помош и услуги;
  • Минимум 1 (една) година работно искуство;
  • Познавање на правни документи за обезбедување на правна помош за пристап до права од социјална заштита и права од земјоделска дејност
  • Подготвеност за работа во руралните средини во Пелагониски регион;
  • Добри комуникациски и организациски вештини.

Селектираниот правник/чка ќе биде ангажиран/а 10 месеци почнувајќи од 01ви септември 2020 до 30ти јуни 2021 и за ангажманот предвиден е финансиски надоместок од 100 долари месечно (во денарска противвредност), со договор за работа на проект.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија (CV) и диплома за завршено образование, најдоцна до 24ти август 2020 на lagagrolider@gmail.com, или на адреса ул. Ѓорѓи Димитров 51, Прилеп   со назнака „Апликација за правник/правничка“.

Постапката за избор на кандидат/ка ќе ја врши проектниот тим од ЛАГ АГРО ЛИДЕР, која изборот ќе го изврши најдоцна до 28.08.2020

Сите прашања за повикот може да ги упатите на истата мејл адреса.

 

 

 

 

 

ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ/КА ЗА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

 

ВОВЕД

Здружението за рурален развој ЛАГ АГРО ЛИДЕР, започна со имплементацијата на проектот “Чиста животна средина на населените места во Општина Крушево и општина Долнени преку управување со комуналниот отпад” поддржан од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

  1. Краток опис на проектот

Главни цели на проектот се:

– Воведување на комунална услуга – собирање на отпад во руралните средини во општина Крушево и општина Долнени ,
– Подобрување на заштитата на животната средина

Целни групи на проектот се:

Граѓански организации од општина Крушево и Долнени

– Локалната самоуправа на општина Крушево и Долнени

– Формални и неформални групи на граѓани

Очекувани резултати од проектот се:

– Воведени се 3 нови / иновативни методи кои го подобруваат квалитетот на животот

– Воведен 1 нов / иновативен метод за додавање вредност на локалните производи

– Развиени 2 нови производи

– Создадени 3 нови работни места

– 2 спроведени курсеви

– Обучени околу 100 лица за заштита на животна средина

II   Опис на работните задачи

Основната цел на ангажманот е да се овозможи средба со формални и неформални групи на граѓани од општина Крушево и Долнени, средби со релевантни лица од локалните самоуправи и претставници на граѓански сектор, со цел да се разговара за животната средина и подобрување на условите за чиста животна средина во руралните средини.

Средбите ќе ги вклучат следниве тематски прашања:

  1. Идентификување на придонесот на животната средина и природните ресурси за економски раст – создавање на економска и развојна програма
  2. Преглед на моменталната состојба на животната средина и природните ресурси во општината
  3. Идентификување и приоретизирање на механизмите и алатките на политиката, како и можностите за финансирање за инвестирање во животната средина преку самостојни општински проекти
  4. Идентификација на улогата на различните засегнати страни

III   Тип на договор и надоместок

Ќе бидат избрани двајца експерти. Со избраните експерт/ка ќе биде потпишан индивидуален договор за ангажман кој се заснова на плаќање по испорачана услуга

Надоместокот за ангажманот опфаќа бруто износ од 12 000 денари. Во надоместокот е пресметан и персоналниот данок на експертот.  

Краен рок за испорака на услугата е 31 јули 2020 година.

IV   Потребни квалификации

Пријавените треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:

  • Експертиза од областа на животна средина;
  • Одлично познавање на националните стратегии и документи за заштита на животна средина, Законот за животна средина, Политики за заштита на животна средина; итн.
  • Претходно искуство во подготовка на исти или слични продукти.

V   Потребна документација

Понудата треба да го содржи следново:

  • Детална биографија (CV)

VI   Критериум за избор:

  • Екпертиза и претходно искуство во подготовка на слични продукти

VII   Рок за пријавување

Понудите треба да се достават најдоцна до 14 јули 2020 година по електронска пошта на: lagagrolider@gmail.com

Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот за експерти можете да добиете со испраќање на маил на lagagrolider@gmail.com

 
 
 
 
 
Запознајте се со медиумската писменост и бидете медиумски писмени!!!
 
Бидете медиумски писмени и секогаш имајте ги вистинските информации!
ЛАГ АГРО ЛИДЕР Ве запознава со медиумската писменост!

 

 

Повик за анкетари за спроведување истражување за запознаеноста и информираноста на граѓаните за буџетскиот процес и нивните права и можности за партиципативно учество

 

Сојузот на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГови, за успешно спроведување на активностите во проектот “Јавни пари за јавно добро” поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија објавува повик за двајца анкетари за периодот  јуни – јули 2020 година за спроведување на теренско истражување за запознаеноста и информираноста на граѓаните за буџетскиот процес и нивните права и можности за партиципативно учество во идентификување на општинските приоритети и трошењето на јавните пари за подобрување на животот на граѓаните на општина Битола.

Ова истражување цели да обезбеди пристап до податоци и информации за запознаеноста и информираноста на граѓаните за буџетскиот процес на локално ниво, и нивните права и можности за партиципативно учество, проследено со пристап до информации за процесот на буџетирање и трошење на јавните пари на територијата на општина Битола.

Од оваа активност ќе се идентификуваат предизвиците, но и можностите за понатамошно подобрување на транспарентноста на буџетскиот процес во општина Битола, што ќе биде основа за подготовка на Водич за буџетски процес на локално ниво – документ кој има цел да придонесе кон зголемување на информираноста на граѓаните за  процесот на креирање на општинскиот буџет и трошењето на јавните пари, и да ги охрабри граѓаните да преземат активна улога во буџетскиот процес на локално ниво.

За потребите на истражувањето, распишуваме повик за ангажирање на 2 (двајца) анкетари кои ќе бидат директно вклучени во спроведување на теренско истражување и анализа на добиените податоци.

Теренското истражување предвидува спроведување на 200 прашалници во урбаниот и руралниот дел на општина Битола.

Со цел соодветно собирање на податоците на терен, за избраните анкетари ќе биде обезбеден еднодневен тренинг на кој присуството е задолжително.

Селектираните анкетари ќе бидат ангажирани да спроведат по 100 анкети во различни целни групи, и за ангажманот предвиден е финансиски надоместок од 11 000 мкд бруто износ.

Сите заинтересирани потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

  • Да се пололетни;
  • Да имаат мотивација да бидат вклучени во теренско спроведување на истражување;
  • Да се во можност да го спроведуваат истражувањето во текот на работно време;
  • Претходно искуство во анкетирање ќе се смета за предност;
  • Да присуствуваат на еднодневен тренинг;
  • Добри комуникациски вештини.

 Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратко мотивациско писмо (не подолго од една страна) и CV, најдоцна до 20ти јуни 2020 на leadernetmk@gmail.com  со назнака „Пријава за анкетар“.

Сите прашања за повикот може да ги упатите на истата мејл адреса.

 

 

ПОВИК ЗА ИСТРАЖУВАЧИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ПОДГОТОВКА НА ДОКУМЕНТ СО ПРЕПОРАКИ ЗА БРОБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

 ВОВЕД

Здружението за рурален развој Локална Акциона Група Агро Лидер, почнувајќи од ноември 2019 година започна со спроведување на проектот „Информирани граѓани – активни учесници“, Проектот е финасиски поддржан од Европската Унија преку „IPA Civil Society Facility and Media Programme 2016-2017 Support to Civil Society Organisations under the Civil Society Facility Action 2016-2017, Ref. EuropeAid/155322/DD/ACT/MK преку проектот:   „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во јавниот и приватниот бизнис-сектор“.

  1. Краток опис на проектот

Главната цел на проектот е да се зголеми вклученоста на граѓаните и граѓанските органзиации во спречување на корупцијата во јавните претпријатија преку  следење на транспарентноста на локалните претпријатија.

Специфични цели на проектот се:

  1. Зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации и јавните претпријатија во Пелагонискиот регион
  2. Подобрување на моменталната состојба преку предлог индикатори и препораки до јавните претпријатија

Целна група на овој проект се јавните претпријатија, локалните самоуправи, бизнис секторот и граѓанските организации кои работат во општините во Пелагонискиот Регион.

Засегнати страни се вработените во јавните претпријатија, членовите на Локалните Акциони Групи, единиците на локалните самоуправи, бизнис секторот, граѓанските организации и населението кое живее во Пелагонискиот регион.

Имплементацијата на проектот се фокусира на следниве резултати:

Формирана мрежа на граѓански организации за мониторинг, истражување и анализирање на состојбата со корупција во јавните претпријатија

  1. Идентификувани недостатоци и генератори на корупција во 10 јавни претпријатија во Пелагонискиот регион
  2. Подготвени 10 Документи со препораки и индикатори за секое јавно претпријатие за борба против корупцијата
  3. Одржана средба и пресконференција со претставници на вклучените јавни претпријатија, локалните власти и медиумите за презентирање на анализираната состојба и креирање на активности согласно Документот со препораки и индикатори за борба против корупција
  4. Мониторинг на процесот по усвојувањето на Документот со препораки и индикатори за борба против корупција

II   Опис на работните задачи

Основната цел на ангажманот е да се спроведе истражување и мониторинг на целните јавни претпријатија во Пелагонискиот регион.

 Ќе бидат идентификувани 10 јавни претпријатија во кои ќе спроведуваат анкети како алатка за транспарентност и отчетност на претпријатијата (ќе се користи алатката развиена во рамките на проектот).

Главна цел на истражувањето е да се добијаат точни податоци и информации од јавните претпријатија во Пелагонискиот регион, како и да се идентификуваат недостатоците, но и можностите за понатамошно подобрување во борба против корупцијата преку подобрување на нивната транспарентност и отчетност

Овие истражувања понатаму ќе бидат користени за подготовка на Документ со препораки и индикатори за секое јавно претпријатие за борба против корупцијата

Истражувачот кој ќе биде вклучен во истражувањето и мониторингот ќе изработи целосна анализа на добиените информации од јавните претпријатија и ќе подготви поединечни Документи со препораки и индикатори за секое јавно претпријатие за борба против корупцијата.

Истражувањето треба да вклучи визуелно прегледни, едноставни, лесно разбирливи и применливи содржини кои ги опфаќаат следниве тематски прашања:

– анализа на состојбата во јавното претпријатие

– препораки за нивно зајакнување во борбата против корупцијата преку подобрување на нивната транспарентност и отчетност,  и

– листа на индикатори кои секое јавно претпријатие ќе може да ги користи во иднина за да го следи својот напредок во борба против корупцијата.

Вкупно ќе бидат ангажирани 3 (тројца) истражувачи.

III   Тип на договор и надоместок

Со избраните истражувачи ќе бидат потпишан индивидуални договори за ангажман во период од 4 (четири) месеци кој се заснова на плаќање по испорачана услуга: Спроведено истражување на минимум 3 јавни претпријатија и подготовка на Документ со препораки и индикатори за секое јавно претпријатие за борба против корупција

Надоместокот изнесува 48 000 денари (4 месеци по 12 000 денари бруто сума)

Краен рок за испорака на услугата е 31 јули 2020 година.

IV   Потребни квалификации

Пријавените треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:

  • Најмалку 3 години релевантно професионално искуство во граѓански сектор, од кои искуство во работењето на областите за борба против корупција ќе се смета за предност
  • Поседување на знаење и вештини за практично спроведување на методологија за анкети
  • Квалификувани за обработка на податоци и истражување
  • Претходно искуство во истражување и водење на интервјуа/фокус групи ќе биде сметано за предност
  • Способност да се анализираат и јасно артикулираат сложените прашања на разбирлив начин за донесувачите на одлуки;
  • Поседување на комуникациски вештини
  • Поседување на вештини за развој на аналитички и информативни материјали;
  • Способност за работа под притисок, понекогаш со продолжени часови и за исполнување на тесни рокови без да се загрози квалитетот на резултатите;

V   Документација за аплицирање

Од сите заинтересирани кандидати се бара да достават писмо за интерес и детална биографија каде што се наведени сите потребни квалификации, професионално искуство и референци;

Заинтересираните кандидати треба да ја достават својата апликација до ЛАГ Агро Лидер на lagagrolider@gmail.com или по пошта на адреса ул. Маршал Тито 92, Кривогаштани, најдоцна до 27ми март со назив – Пријавување за експерт – истражувач

VI   Критериум за избор:

  • Работна биографија/Портфолио
  • Екпертиза и претходно искуство во подготовка на слични продукти

VII   Рок за пријавување

Документите треба да се достават најдоцна до 27-ти март 2020 година по електронска пошта на: lagagrolider@gmail.com

Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот за експерти можете да добиете со испраќање на маил на lagagrolider@gmail.com

 

 

 

 

Повик за анкетари за спроведување истражување за процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија

 

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР отвора повик за 4 анкетари за периодот  декември 2019-јануари 2020 година за спроведување на истражување на мислењето на луѓето во руралните средини за пристапот на нашата земја во ЕУ.

Ова истражување има за цел да го открие мислењето на луѓето во врска со Европската Унија и нивните ставови за реформите кои треба да се спроведат за европеизирање на општеството. Преку спроведување на ова истражување ќе се добие претстава за информираноста и ставовите на населението во руралните средини во поглед на ЕУ перспективта притоа покажувајќи ги потребните области во кои е потребна промена.

За потребите на истражувањето, распишуваме конкурс за 4 анкетари кои ќе бидат директно вклучени во теренското спроведување на истражувањето и внес на податоците. Теренското истражување предвидува спроведување на 300 прашалници во руралните средини во Пелагонискиот Регион односно во општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Могила.

Со цел соодветно собирање на податоците на терен, за избраните анкетари ќе биде обезбеден еднодневен тренинг на кој присуството е задолжително. Анкетарите ќе бидат ангажирани во месеците декември и јануари.

Сите заинтересирани потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

  • Да се пололетни;
  • Да имаат мотивација да бидат вклучени во теренско спроведување на истражување;
  • Да се во можност да го спроведуваат истражувањето во текот на работно време;
  • Претходно искуство во анкетирање ќе се смета за предност;
  • Да присуствуваат на еднодневен тренинг;
  • Добри комуникациски вештини.

 Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратко мотивациско писмо (не подолго од една страна) и CV, најдоцна до 22ти ноември 2019 на lagagrolider@gmail.com со назнака „Пријава за анкетар“. Сите прашања за повикот може да ги упатите на истата мејл адреса.

Селектираните анкетари ќе бидат ангажирани два месеци и за ангажманот предвиден е финансиски надоместок од 10 000 мкд бруто износ. Избраните анкетари ќе бидат дополнително известени за времето и локацијата за еднодневниот тренинг.

 

 

 

 

ЛАГ Агро Лидер и организацијата членка Центар за развој и едукација беа дел од проектот 

Учество на младите и активно граѓанство

Работилница за одржливо општество

Еразмус + / КА3

Од 11-15 март 2019 година во Молфета, Италија се одржа работилница за млади и младински работници, како дел од проектот Erasmus + KA3 “Работилница за одржливо општество”.

Учесниците од различни земји, различни националности, различни религии и убедувања, и разни професионални основи дискутираа за учеството на младите во политиката и општеството.

Учество на младите, нееднакви можности за образование, невработеност кај младите, социјалната исклученост за квалитетни услуги и животната средина беа клучни теми за кои се дискутираше за време на работилницата.

Најважните предизвици за секој млад човек се неговите одговорности во општеството.

Ангажирањето на младите во процесот на донесување одлуки во систем на репрезентативни институции на локално, национално и меѓународно ниво, проследени со ангажирање на младите во активности во граѓанското општество, како културни или општествени активности, имаат за цел да направат промена и да влијаат општество. Тоа е пристап и став во секојдневниот живот кој им овозможува на младите луѓе да ги искажат своите мислења, да се вклучат, да бидат дел од процесот на донесување одлуки на различни нивоа и да создадат динамично и партиципативно граѓанско општество.

За младинско учество, важно е проектите и активностите да се развиваат за и со младите луѓе. Овој меѓународен младински проект овозможи градење на мостови меѓу различни земји и култури и преку премостување на комуникацијата помеѓу сите партнери и вклучени младински групи, го поттикна отвореното учество на младите преку споделување на знаења, искуства и идеи за да ги збогатат младинските политики и процеси со нивни поединечни ставови и гледишта.

 Сите ние треба да бидеме свесни дека младите се активни играчи во општеството; тие се наша сегашноста и наша иднина. Тие имаат свои вредности, потреби, придонеси и идеи, а нивното учество има за цел да служи за развој на демократско општество и за промовирање на активно граѓанство.


ЛАГ Агро Лидер во рамките на проектот „ЛЕАДЕР мерки – неоходни практики за одржлив рурален развој“ финансиран од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на граѓанските организации“ објавува Повик за експерт/ка за квалитативно истражување за ЛЕАДЕР пристапот. Сите заинтересирани, може да се информираат дополнително и да аплицираат на: lagagrolider@gmail.com

 


 

На 18.03.2019г, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави повикот за доставуавање на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, мерка 412 и 413 што е поддршка наменета за ЛАГовите. Оваа програма е голема можност за обебедување на одржливост на Локалните Акциони Групи и реализација на предвидени активности во согласност со стратегијата.

Повеќе податоци информации за повикот на линкот:

http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp