Поврзани за доброто на заедницата

Поврзани за доброто на заедницата

Поврзани за доброто на заедницата

Во периодот од 01 септември 2017 година – 21 септември 2018 година ЛАГ Агро Лидер во партнерство со SVATOJIRSKY LES (Чешка Република), Полскиот рурален форум (Полска),  ЛАГ ТРИ ДОЛИНИ (Словачка) и Унгарската национална рурална мрежа (Унгарија) имплементираше проект Поврзани за рурален развој, финансиран од Вишеградскиот фонд.
Главна цел на проектот:
Да се зајакне управувањето со процесите на рурален развој со цел да се гарантираат позитивни влијанија и нови можности за економски развој
Специфични цели на проектот:
Да се развие инклузивна одржлива мултифункционална мрежа на одделенија за Локален економски развој (ЛЕР) помеѓу Македонија и земјите од V4
– Ќе се создаде Е-мрежа помеѓу локалните економски случувања од Македонија и земјите од V4
– Зголемен трансфер на знаење, контакт и заеднички проекти со заинтересирани страни од V4
– Ќе се зголеми активното вклучување на граѓанското општество и граѓаните во процесот на донесување одлуки со користење на V4
– Заеднички искуства и добри практики од V4 земјите и идна соработка ќе се воспостават за Македонија во однос на креирање и имплементација на ЛЕР стратегии
– Дизајн на инклузивни, одржливи деловни и управувачки модели и партнерски аранжмани
– Подготвени методологии за стратегии за рурален економски развој преку нови модели кои користат најдобри практики на V4

Следниве активности беа имплементирани:

  1. Почетен состанок (Македонија)
  2. Теренско истражување за вклучување на населението во процесот на донесување одлуки во руралните области во Македонија и во V4 земји
  3. Заедничка обука за зајакнување на капацитетите на ЛЕР одделенија во рамките на општините (Чешка)
  4. Заедничка обука за зајакнување на капацитетите на ЛЕР одделенија во рамките на општините (Унгарија)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *