Подобрување на продуктивноста и пазарниот успех на македонските фармери

Подобрување на продуктивноста и пазарниот успех на македонските фармери

Подобрување на продуктивноста и пазарниот успех на македонските фармери

Главна цел на проектот е развивање на нови услуги кои би можеле да им ги понудиме на нашите постојани и потенцијални нови членки со кои ќе се подобрат секојдневните оперативни активности на нашите членови, генерирање на приходи и зголемување на профитабилноста и иницирање на подготвеност за инвестирање за подобрување или проширување на капацитетите. Врз основа на истражувањето за идентификација на клучните прашања на фармерите и релевантните чинители од земјоделскиот сектор од аспект на економски раст, започнавме со развој на следниве  услуги: (i) Земјоделски советодавни услуги, (ii) Пристап до финансии и развој на бизнис, (iii) Ветеринарна обука и (iv) Развој на модел за соработка помеѓу фармери и земјоделци. Сите овие активности се комплементарни, наменети за подобрување на знаењето, градење на вештини, стимулирање на економскиот раст и отворање на можности за вработување. Овој проект ќе овозможи достапност на услуги кои се фокусирани кон постигнување на вистинско влијание врз продуктивноста и достапноста на земјоделските производи.

Проектот ќе се имплементира од 1 август 2018 до 30 септември 2019 година со поддршка од  Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *