ЗА НАС

Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР Кривогаштани е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување.

Основањето на ЛАГ АГРО ЛИДЕР КРИВОГАШТАНИ овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните средини на територијата на Општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп.

ЛАГ-от се организира и делува на подрачјето на територијата на Општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп кои се наоѓаат во Пелагонискиот плански регион.

Главна цел и задача на АГРО ЛИДЕР КРИВОГАШТАНИ е да промовира и придонесе кон одржлив рурален развој на територијата на општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал.

pelagoniski_region

АГРО ЛИДЕР КРИВОГАШТАНИ постапува согласно со 7-те принципи на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот:

  • Локална стратегија за развој заснована на одредена област,
  • Локално јавно-приватно партнерство,
  • Пристап “од долу нагоре”,
  • Интегриран и повеќе секторски пристап,
  • Иновации,
  • Соработка и
  • Вмрежување.

ЛАГ-от своите цели и задачи ги остварува врз основа на принципите на непрофитност, стручност, непристрасност, независност, доброволност, солидарност, одговорност и транспарентност, како фундаментални принципи во своето делување.

ЛАГ-от се раководи согласно карактеристиките на добро владеење:

  • учество,
  • контрола и почитување на законите,
  • транспарентнст и одговорност,
  • лидерство,
  • ориентација кон градење на консензус,
  • еднаквост,
  • диверзитет и етика,
  • ефективност и ефикасност.