×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Повик за правник за вклучување во проектот „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”

Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, за успешно спроведување на активностите во проектот “„Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”” поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија објавува повик за ангажирање на еден (1) правник/правничка.

Главна цел на проектот е Зајакнување на социјалната и економската состојба на жената од руралните средини преку градење на економски одржливи земјоделски фарми и локални капацитети, воспоставување на пристап до советодавна поддршка и креирање на јавни политики за правна еднаквост

Задачи и обврски на ангажираниот/а правник/чка:

  • Правникот/правничката ќе биде ќе биде вклучен/а во обезбедување на бесплатна правна помош на жените од руралните средини во поглед на пристап до права од социјалната заштита и права на земјоделска дејност, со ангажман од  6 работни часа неделно во времетраење од 12 месеци во канцеларијата на Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР во Прилеп, во вклучени посети во руралните средини во Пелагонискиот Регион.
  • Правникот/правничката ќе биде задолжен/а за давање на совети на жени од руралните средини, жени ангажирани во земјоделска дејност или во бизнис ентитети во руралните средини.
  • Воспоставување на комуникација со надлежни инстиуции за обезбедување на целосна информативна и советдавна поддршка

Овој анагажман цели кон воспоставување на правна помош и советодавна поддршка за жени од рурални средини и/или жени вклучени во земјоделска дејност или рурален економски развој, преку континуирана достапност на информации за начинот на вршење на земјоделската дејност или дејности во склоп на руралниот развој, олеснувањата и поволностите што ги нуди државата во нормални и во кризни услови, но и информации за поврзување на правата од работен однос во контекст на вршење на земјоделската дејност.

Услови што треба да ги исполнува кандидатот/ката:

  • Дипломиран/а правник/чка со завршено високо образование;
  • Претходно искуство во обезбедување на правна помош и услуги;
  • Минимум 1 (една) година работно искуство;
  • Познавање на правни документи за обезбедување на правна помош за пристап до права од социјална заштита и права од земјоделска дејност
  • Подготвеност за работа во руралните средини во Пелагониски регион;
  • Добри комуникациски и организациски вештини.

Селектираниот правник/чка ќе биде ангажиран/а 10 месеци почнувајќи од 01ви септември 2020 до 30ти јуни 2021 и за ангажманот предвиден е финансиски надоместок од 100 долари месечно (во денарска противвредност), со договор за работа на проект.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија (CV) и диплома за завршено образование, најдоцна до 24ти август 2020 на lagagrolider@gmail.com, или на адреса ул. Ѓорѓи Димитров 51, Прилеп   со назнака „Апликација за правник/правничка“.

Постапката за избор на кандидат/ка ќе ја врши проектниот тим од ЛАГ АГРО ЛИДЕР, која изборот ќе го изврши најдоцна до 28.08.2020

Сите прашања за повикот може да ги упатите на истата мејл адреса.