Свечено отворање на ЛАГ АГРО ЛИДЕР

На 26-ти март 2015 година, во општината Кривогаштани со почеток во 14:00 часот свечено беше отворена канцеларијата на ЛАГ АГРО ЛИДЕР каде официјално беше извршено и примопредавање на компјутерската опрема која ќе се користи за спроведување на активностите на Лаг-от.

На свеченото отворање на канцеларијата беа присутни донаторите на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот со високи претставници од нивните Амбасади, заменик Директор на мисија на Швајцарската развојна Агенција г-ѓа Катарина Штокер и Директорот на мисија на УСАИД г-дин Џејмс Стајн, имплементаторите на проектот Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, претставници од Општините Кривогаштани, Долнени и Крушево, претставници од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси и членовите на ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Во првиот дел од настанот беа презентирани целите и задачите на Лаг-от визијата и мисијата, како и приоритетите, мерките и идните идеи и активности. Во вториот дел од настанот беше презентиран и првиот пилот проект на Агро Лидер, преку чија реализација 12 фармери од Кривогаштани поставија пластеници на полиња со пиперка.

ЛАГ-от АГРО ЛИДЕР е составен од приватен, јавен и граѓански сектор и ја опфаќа територијата на Општините Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево. Лаг-от АГРО ЛИДЕР како непрофитно здружение работи за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини преку реализација на проекти од сферата на социјална заштита, рурален разој, туризам, култура, образование и економија.

Lag_Agro_lider_otvoranje