×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Цели и задачи на ЛАГ Агро Лидер

Агендата заснована на одржлив рурален развој е основен принцип во нашите активности, додека правото на избор – наша водечка порака. Промовираме и придонесуваме кон одржлив рурален развој преку иницијативи,партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал. Фокусирани сме на позитивните еколошки, социјални и демографски трендови, мрежна соработка, формирање и учество на граѓански платформи и зајакнување на солидарноста меѓу граѓаните и невладините организации во унапредување на политиките за рурален развој.

Преку практикување на политиката за руралнен развој ја охрабруваме диверзификацијата на економските активности, ги промовираме локалните и регионалните иницијативи, со што овозможуваме автентичен пристап во рамките на единствениот развоен концепт.

Нашата Мисија

Мисијата на ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани е да промовира и да придонесе кон одржлив рурален развој на територијата на општините Кривогаштани, Долнени и Крушево преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал

Нашата визија

„Територијата на ЛАГ-от АГРО ЛИДЕР е препознатлива по чистата еколошка средина, конкурентното земјоделство, зголемен број на МСП, создадени предуслови за развој на рурален туризам, на која преку одржлив рурален развој, силно партнерство и мобилност на локалните ресурси, постојано се подобруваат социо-економските услови на руралното население“