Едукативна програма за креирање на веб страна со помош на платформата "WEBFLOW"

НОВИ ВЕШТИНИ ЗА НОВИ МОЖНОСТИ!

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР континуирано активно делува за создавање на можности за младите лица да станат поконкурентни на пазарот на трудот и полесно да дојдат до вработување, или преку професионален развој да станат идни претприемачи.

За таа цел, ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со ИТ-компанија креираше бесплатна едукативна програма за  креирање на веб страна со помош на платформата "WEBFLOW"

Едукативната програма се состои од осум онлајн часови преку кои ќе се запознаете со основните поими во веб дизајност, основните елементи на платформата  „WEBFLOW“, ќе работите на дизајнирање на веб страна проследено со презентирање на   моделите за хостирање и едитирање,  креирање на „WEBFLOW“ заедница, како и презентација на техники кои овозможуваат достапност на веб страните за лица со попреченост.

Програмата е креирана за Вас и веруваме дека

ќе Ви помогне да ги зајакнете Вашите дигитални вештини  

да можете да креирате веб страна,

и со помош на дигиталните алатки да ја промовирате Вашата креативност.