Пилотирање на услуги за поддршка за вработување на млади лица во Република Северна Македонија

Цел на проектот -  Придонес за намалување на неактивноста и стапката на невработеност кај младите лица на возраст до 29 години

Специфични цели

  • Обезбедување на услуги за поддршка за вработување  на млади лица кои се соочуваат со неможност да бидат конкурентни и прифатени на пазарот на трудот
  • Зајакнување на капацитетите на невладините организации кои обезбедуваат услуги на поддржано вработување
  • Обука на тренери за поддржано вработување и пилотирање на услуги за поддржано вработување
  • Зајакнување на мрежата на давателите на услуги на поддржано вработување

Активности 

  • Континуирана едукација за двајце претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР и нивно вработување на позиција - младински коучи (тренери)
  • Воведени услуги за вработување за млади  невработени лица до 29 години (тренинг за млади,  образовна поддршка, работна асистенција) преку обучени младински тренери во ЛАГ АГРО ЛИДЕР
  • Воведување на наставна програма за услуги на поддржано вработување обезбедена од Виен-Ворк
  • Воспоставена соработка со бизнис ентитети за поврзување со потенцијални лица за вработување согласно профилот и потребите на бизнис ентитетите
  • Воспоставена соработка на ЛАГ АГРО ЛИДЕР со релевантни институции
  • Вмрежување на ЛАГ АГРО ЛИДЕР со даватели на услуги за поддржано вработување на национално, регионално и европско ниво

Проектот се спроведува во партнерство со Wien Work како водечка организација и пет граѓански организации од РС Македонија - ЛАГ АГРО ЛИДЕР (Кривогаштани), Инклузива (Куманово), Институт за развој на заедницата (Тетово), Избор (Струмица) и Youth&Community Center (Гостивар)

 

Проектот е финансиски поддржан од Австриското министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи и УНДП.

Донатори