"Со љубов и грижа за старите лица"

Домот за стари лица "Киро Крстески - Платник" Прилеп, заедно со градската библиотека "Борка Талески"-Прилеп и ЛАГ АГРО ЛИДЕР денес организираа настан "Со љубов и грижа за старите лица" каде преку поетско читање се потрудивме да овозможиме едночасовно уживање во стиховите од познати литературни творци од македонската литература.

Заедничката соработка на јавниот и граѓанскиот сектор насочена кон подобрување на животот на лицата - штитеници во домот за стари лица овозможи уредување на дворната површина во Домот за стари лица со поддршка на ЛАГ АГРО ЛИДЕР, а градската библиотека донираше книги со цел да го доближи македонското литературно творештво и творештвото на литературните творци од градот Прилеп до постарите лица.

Грижата за постарите лица нека секогаш биде наш заеднички императив!