ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕРЗдружение за рурален развоj

Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР Кривогаштани е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување.

Основањето на ЛАГ АГРО ЛИДЕР КРИВОГАШТАНИ овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните средини на територијата на Општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп.