Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки

Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од Finance Think – Институт за економски истражувања, Скопје, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Скопје, Квантум Прима – Здружение за економски и политички истражувања и анализи, Кавадарци, и ЛАГ Агро Лидер – Здружение за рурален развој, Кривогаштани, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2022 ќе го реализира проектот   „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” финансиран од Делегација на Европска Унија во Северна Македонија.

Главна цел на проектот е овозможување на поддршка за подигнување на транспарентноста, креирање регистар на парафискални давачки и зголемување на соработката со засегнатите страни и локалните самоуправи.

Проектот ќе се фокусира на следниве резултати:

• Креиран регистар за парафискални давачки во општината и препораки за нивна оптимизација за да се подигне локалната конкурентност;

• Зголемена транспарентноста на општината, преку поддршка во прибирање и обработка на податоци за фискалната транспарентност на општината на едно место;

• Можности за зголемување на капацитетите за: финансиска транспарентност на буџетот; парафискални давачки; јавни набавки; мониторинг; застапување; и градење партнерства;

• Зголемена соработка со засегнатите страни (невладин сектор, бизнис сектор, млади и сл) преку воспоставување на механизам заснован врз докази на повеќе засегнати страни за дизајнирање и следење на финансиската транспарентност на општините;

• Креирање анализи на ниво на ЕЛС;

• Можност за промоција на постигнувањата на општината во фискалната транспарентност.

 

Партнери