×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР учесници на обука за застапување со фокус на жените од руралните средини

Претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР учествуваа на  обука за зголемување на нивните капацитети за застапување во текот на пристапниот процес кон Европската Унија со фокус на маргинализираните заедници и жените од руралните средини. 

Обучувачи на тридневната обука беа Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за Европски политики, и Diana Kоbas Deskovic која  ја презентираше Политичката рамка на ЕУ и меѓународните иницијативи за унапредување на положбата на жените фармери, и Директива 210/40/ЕУ и практичната имплементација во хрватска и други Европски држави.

Оваа активност е организирана во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ кој е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.