×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Обука за дискриминација и родово одговорни политики

Претставнички на ЛАГ АГРО ЛИДЕР - жени од рурални средини носители или антивно ангажирани во земјоделски стопанства беа дел од обука за дискриминација и родово одговорни политики организирана од страна на Мрежата за заштита од дискриминација со поддршка на Фондација Отворено општество - Македонија. 

Тридневната обука е организирана со цел да им обезбеди поддршка на жените земјоделки во остварување на нивните права и создавање на можности за развој на заедниците од нивна перспектива преку зајакнување на нивните вештини и охрабрување да земат активно учество во борбата против дискриминацијата, како и активно учество во креирање на локални политики кои ќе одговорат на нивните потреби.

Покрај зголемување на знаењата во областа на дискриминацијата, обуката има за цел, заедничко застапување и вмрежување за пријавување случаи и обезбедување правна помош во случаи на дискриминација. Воедно, претставен беше и правниот механизам кој според Мрежата за заштита од дискриминација е решение на проблемот со непостоење на можност за породилно отсуство и право на боледување на жените земјоделки.

Обуката се реализира како дел од проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ кој е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.