×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Посета на претставници од Република Австрија во организација на Мрежата на ЛАГОВИ и ЛАГ АГРО ЛИДЕР

Во периодот од 15ти до 17ми Мај 2023 во организација на Мрежата на ЛАГОВИ и ЛАГ АГРО ЛИДЕР беше организирана посета на претставници на Република Австрија во рамките на проектот “еHelp: Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување” поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални работи, здраство, нега и заштита на потрошувачи.

Претставниците од Австрија имаа можност да се запознаат со работата на Дневниот Центар за лица со попреченост “Ѕуница” во Прилеп каде во рамките на проектот беше опремена сензорна соба со инструменти и помагала за подобар развој на сетилата кај децата и младите со пречки во развојот кои го посетуваат центарот. Сензорната соба ќе се користи за индивидуални и групни терапии од страна на квалификуваниот кадар со цел подобар живот и инклузија на лицата со попреченост во заедницата.

Програмски активности за обезбедување на квалитетно образование за децата со попреченост ги презентираше стручниот кадар на ООУ “Климент Охридски” Прилеп кои посветено работат на обезбедување на подршка на учениците со попреченост во образовниот процес. Во рамките на посетата беа донирани помагала кои ќе се користат за спроведување на активностите за зајакнување на вештините и социјална интеграција за учениците со попреченост.

Во рамките на посетата беа остварени средби со градоначалниците на општина Прилеп и општина Кривогаштани на кои беа презентирани Социјалните планови за социјална заштита и плановите на општините за подобрување на пристапот до социјална заштита и воеведување на квалитетни и одржливи социјални услуги на локално ниво.

Беше остварена посета на градинката “Весело Штркче” во општина Кривогаштани каде во соработка со Мрежата на ЛАГОВИ беа обезбедени дидактички помагала за сензорната соба, кои ќе се користат од страна на специјален едукатор кој работи со деца со попреченост.

Успешна приказна за социјалната услуга живеење со поддршка беше презентирана при посетата на двата мали групни домови за лица со попреченост во општина Градско каде се сместени поранешни корисници на услуги од Специјалниот завод Демир Капија. За овие лица со попреченост е обезбедена дваесет и четири часовна грижа од тим од негуватели и стручни соработници од „Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Развојот на социјални услуги на регионално ниво преку реализирани проекти и активности беше претставен од страна на претставници на Центарот за развој на Вардарски плански регион кој забележува значајни резулати и достигнувања во создавањето на можности за лицата со попреченост и развојот на социјалното претприемништво.

Посетата се заврши со посета на Националниот Центар за социјални претпријатија во Скопје кој е двигател на социјалното претприемништво преку промоција, и обезбедување на  поддршка за потенцијалните социјални претпријатија. На средбата на која присуствуваа претставници на Министерството за труд и социјална политики беа споделени успешни социјални претпријатија од нашата држава, а воедно и претставниците од Република Австрија споделија примери за успешни социјални претпријатија од нивната држава.

Оваа посета отвора нови можности за идна соработка и обезбедување на поддршка за подобрување на социјалните услуги преку вмрежување, споделување на знаење и добри практики и соработка во заеднички инизијатива за градење на поинклузивно и праведно општество.