ЛАГ АГРО ЛИДЕР дел од иницијативата "Со љубов за граѓаните од трето доба"
![](http://lagagrolider.mk/sites/default/files/252613878_1526810867675886_4862266086529468290_n.jpg)
Со иницијативата "Со љубов за граѓаните од трето доба", ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со ЈУ Градска библиотека "Борка Талески"Прилеп и Домот за стари лица "Киро Крстески - Платник"Прилеп ги направија достапни книжевните дела на познати прилепски литературни творци во звучна форма за да го доближеме богатото литературно творештво до граѓаните од трето доба и да дадеме придонес за подобар престој на штитениците во домот за стари лица.