×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Во соработка со нашата Амбасада во Виена, Австрија ЛАГ АГРО ЛИДЕР донираше книги и едукативни материјали

Амбасадата на Република С. Македонија во Виена, Австрија во соработка со Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР обезбеди донација на книги, учебни помагала и едукативни игри за учење на германски јазик и литературни дела за деца од Австриски автори и авторки.

 

Оваа активност е насочена кон подобрување на квалитетот на наставата по германски јазик и обезбедување на поголеми можности за изучување на странски јазик имајќи го во предвид фактот дека познавањето на странски јазици носи придобивки за нас како индивидуи, но и за целата заедница.

 

Донацијата е за основните училишта во нашиот град со што учениците ќе имаат можност да ги зајакнат своите јазични вештини за германски јазик и ќе се запознаат повеќе со австриското литературно творештво.