×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Работилница “Социјални претпријатија во Австрија”

На 15ти Март 2022 година во организација на Мрежата на ЛАГови и партнер орагнизациите од Австрија во рамките на Проектот "eHelp: Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување" се одржа онлајн работилница "Социјални претпријатија во Австрија" со поддршка на Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи

На настанот г-н Харалд Фугер – Аташе на австриското социјално министерство ја претстави националната регулатива за социјално претприемништво и развој на социо-економски бизниси во Република Австрија.

г-ѓа Сабине Ребихлер  ја презентираше платформата на социјални претпријатија ArbeitPlus Австрија која од нејзиното основање во 1985 година до денес вмрежува над 200 социјални бизниси лоцирани во над 500 локации во Република Австрија.

Социјалното претприемништо е еден од приоритетите за социо-економски развој на Република Австрија која континуирано активно делува во креирање на политики за поддршка на социјални претпријатија и општо корисни проекти и обезбедување на развој и одржливост на социјалните бизниси.

Преку презентирање на социјални претпријатија како B7 Центар за велосипеди, Visitas - услуги за посети на стари лица, како и општокорисниот проект за вклучување на постари невработени лица учесниците на конференцијата имаа можност да се запозннат со начинот на организирање и функционирање на социјалните  претпријатија и/или општо-корисните проекти.

Националната регулатива и прописи проследени со споделување на добри практики од Република Австрија се можност за креирање на национални политики за воспоставување, поддршка и одржлив развој на социјални претпријатија во нашата држава имајќи во предвид дека Република Австрија ја зазема водечката позиција во Европа во областа на социјалните претпријатија и општо-корисните проекти.