×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Можности за развој на женско претприемништво во рурални средини

На 25ти Јануари 2021 во организација на Марина Тошеска - дел од тимот на ЛАГ АГРО ЛИДЕР и член на МААА се одржа вебинарот  “Можности за развој на женско претприемништво во рурални средини” поддржан од Македонско американската алумни асоцијација и амбасадата на САД во Скопје . Свое поздравно обраќање имаше г-ѓа Верица Јорданова - Претседател на МААА.

Цел на вебинарот беше да се промовираат можностите за развој на женското претприемништво во руралните заедници.

Клучните приоритети за поддршка на женското претприемништво во руралните средини ги адресираа следните говорници:

Г-дин. Горан Томески - претставник на Националната агенција за продолжување

Г-ѓа. Викторија Јоновска - контролор во органско производство (Procert Control и сертификација OKC)

Г-дин. Виктор Фичоски-претставник од ИТ Сектор

На настанот беа презентирани владините програми и мерки за поддршка на женското претприемништво, проследено со презентација на можностите за развој на претприемништвото во областа на органското производство, и потенцијалот за развој што го нуди дигитализацијата во земјоделскиот сектор. Женското претприемништво може да придонесе да се создадат можности за вработување во земјоделската технологија, ИТ секторот и преработката на земјоделски производи, и може да има суштинска улога во подобрување на животот на жените, но и на сите жители во руралните заедници.

Економското јакнење на жената, промовирање на женското претприемништво и достигнување на одржлив рурален развој се наши приоритети, придружете ни се за заедно да ги оствариме!