Донација на книги за училишната библиотека при ООУ "Манчу Матак" Кривогаштани

Во пресрет на новата учебна година 2022/2023, ЛАГ АГРО ЛИДЕР донираше книги за училишната библиотека при ООУ "Манчу Матак" Кривогаштани. 

Донацијата се состои од училишни лектири со кои ќе се збогати фондот на библиотеката, а ќе се даде придонес за негување на мајчиниот јазик и втемелување на љубовта на децата/учениците кон читањето.