ЛАГ Агро Лидер на информативна средба со жени од општина Долнени
Нашата денешна дестинација - општина Долнени.
Денес, одржавме средба со жени од руралните средини на територијата на општина Долнени, со цел да ги детектираме предизвиците со кои се соочуваат тие, влијанието на КОВИД-19 врз нивниот живот и што би требало да се направи за да се подобри нивниот живот и животот на нивните семејства.
Воедно ги информиравме за правата и можностите од програмите за социјална заштита, детска заштита и др. како и програмите и мерките за поддршка на земјоделските стопанства и жените-носители на семејни земјоделски стопанства.
Благодарност до ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа - Прилеп за соработката