OUR COMMON FUTURE - средба на претставници на ЛАгови од Европа во Луксембург

Во рамките на проектот "OUR COMMON FUTURE" на 31јануари и 1ви февруари 2024 година во Луксембург се одржа состанок на локалните акциски групи ширум Европа за придобивките од LEADER/CLLD и можностите што ги создава овој европски пристап за градење на одржливи заедници.

Претставници од Австрија, Португалија, Шведска, Финска, Франција, Луксембург, Шпанија и други држави ги споделија достигнувањата од LEADER иницијативите од нивните локални акциски групи.

На состанокот учествуваше нашиот претставник Марина Тошеска која ја презентираше моменталната ситуација со локалните акциски групи во нашата држава, и реалните можности за спроведување на стратегиите за развој предводен од заедницата.

LEADER/CLLD од почетоците во 1991 година до денес е приказна која постојано расте и носи позитивни промени во руралните средини. Со вмрежување, размена на знаење и искуства и мултиплицирање на добри практики, овој пристап ќе биде двигател на социо-економски развој не само во Европа, туку и насекаде во светот.