СЕЛАНСКА БУНА - да се слушне гласот на македонските села

Настанот "Селанска буна" симболично назначен според историскиот роман на хрватскиот писател Аугуст Шеноа, е ГЛАС за зголемено активно учество на жителите на селата а особено земјоделците во секоја сфера на креирање на политики кои делуваат на нивниот живот.

Историјата ни покажа дека не можеме сите да успееме кога половина од нас се воздржуваат, и дека во едно демократско општество кон кое се стремиме да бидеме наше право и обврска се гласно да сигнализираме за нееднаквите можности и да алармираме за правата и можностите на жителите на нашите села, а особено земјоделците.

Бројот на жителите во селата во опаѓа, депопулацијата и ограничените можности на жителите на руралните средини се поевидентни секој ден, креирањето на политики е континуирано но нискоот ниво на спроведување алармира дека неопходни се политички интервенции насочени кон социјално и економско јакнење на селата и препознавање на потенцијалот на жителите на селата.

 

Нашата земја е вклучена во сите напори и активности на европско и на глобално ниво за да се ​​овозможи развој на селата и руралните средини преку зголемување на пристапот до ресурси, средства, услуги, технологии и економски можности,но и покрај учеството на селата и нивните жители во локалната и националната економија, како и БДП каде секторот земјоделство учествува со 10 % сепак селата и земјоделските работницисе соочуваат со повеќе ограничувања во пристапот до клучните продуктивни ресурси,  пристапот до финансии, здравствена и социјална заштита; надоместоците односно платите за нивниот работен ангажман, недоволно вклучување во донесувањето на одлуки и сл, со што се ограничува нивниот капацитет да придонесат за  одржлив развој на руралните заедници и искористување на новите можности.

Преку приказ на животот во нашите села, таков каков што е- без суфикси и придавки да се разбуди свеста дека оние кои хранат и подигнуваат генерации и генерации, стануваат се поневидливи во нашето општество, и дека неопходна е поддршка и отворање на можности за руралните жители.

На настанот беше презентирана публикацијата "Положбата на руралните жени во македонското општество" креирана од Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР, како и позитивните резултати кои ги забележа дигиталната платформа Домашно.мк креирана од ЛАГ АГРО ЛИДЕР во рамките на проектот  „Одговор на социоекономските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”. Од неплатени домашни работници до егзистенцијални земјоделци и сезонски земјоделци, руралните жени кои најчесто се дел од неформал-ната економија, работејќи во небезбедни услови, остварувајќи пониски приходи,  без никаква заштита од законите за работни односи, социјални  бенефиции,  здравствено  осигурување или платено  боледување се најпогодени од социо-економските ефекти на пандемијата.
 

За влијанието на пандемијата од КОВИД-19 врз една од најранливите категории – работниците во неформалната економија во која најголем дел односно дури 52% се земјоделските работници своја презентација на експертизата направена од тим на докажани експерти  од Тинк тенк организацијата Аналитика имаа проф. Борче Треновски и Кристијан Кoжески.

Иако може да се констатира дека денес животот во селата генерално се разликува во однос на животот на претходните генерации, сепак забележуваме разлики во споредба со напредокот и можностите во градовите.Директорот на Мeѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп, г-н Дејан Тошески информираше за пристапот до социјални услуги за жителите на селата како и мерките за поддршка во време на пандемија

Споделување на добри практики од земјите од ЕУ и нивно адаптирање и имплементирање во нашите политики и функционирања е камен темелник за создавање на подобро утре за секој од нас. Република Австрија е верен партнер на нашата земја обезбедувајќи поддршка во спроведувањето на дорби практики за градење на одржливи заедници.Своe виртуелно обраќање имаше г-н Клеменс Рибачек кој ги сподели искуствата на Австрија во воспоставувањето на дигитални канали за продажба на земјоделски производи и оброци.

 

 

 

 

 

 

Учејќи од најдобрите ЛАГ АГРО ЛИДЕР ја креираше дигиталната платформа Домашно.мк специјализирана за промоција и продажба на земјоделски производи, промоција на локални креатори. Автори и творци, како и бизнис ентитети од областа на руралните туризам во нашиот Регион, која забележа одлични резултати кои беа презентирани од Звонко Димоски дел од тимот на Домашно.мк

На патот на децентрализацијата, рамномерниот развој и создавање на еднакви можности за сите направивме неколку клучни чекори, но имаме уште долг пат пред нас, затоа заедно со заедничка соработка да продолжиме да се движеме алармирајќи на пробемите, создавајќи услови за еднакво учество на земјоделците и жителите од селата во креирање на мерки и политики, и давајќи поддршка во отворање на нови можности за развој на селата и развој на земјоделството преку потенцијалот и перспективите на локалните заедници.

Овој настан треба да ги охрабри релевантните чинители – јавните институции, политичките движења, државните и локалните лидери, приватниот и граѓанскиот сектор да ги насочат своите активности кон намалување на јазот помеѓу градовите и селата и создавање на еднакви можности, економски развој и одржливост на нашите села.