Индивидуалните земјоделци и нивните права - имаат ли право на платено породилно отсуство

Овој документ ги изнесува наодите од анализата на правoто на породилно отсуство/родителско отсуство на индивидуалните земјоделци регистрирани според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, воедно следејќи ги политиките и програмите во државите на ЕУ кои имаат слични системи на регулирање и следење на вработувањето во секторот земјоделство.

 Изготвено е предлог-решение кое ги опфаќа меѓународните стандарди и политики адаптирајќи ги во согласност со националните законски регулативи и политики во нашата држава, со што 
ќе се обезбеди остварување на право на паричен надоместок за бременост, раѓање и грижа за дете за
жени регистрирани како индивидуални земјоделки.
 

Предлог-решението обезбедува заштита на работничките права, заштита на мајките и новороденчињата, унапредување на условите за работа во земјоделството и решава проблем на директна дискриминација која е забранета согласно Уставот и Законот за спречување и заштита од дискриминација. Тоа се заснова врз принципите на отпорност и се фокусира на постигнување резултати на интегриран начин, во насока на заштита на човековите права, усогласување со меѓународните препораки за заштита на родителството, социо-економско зајакнување на индивидуалните земјоделци и постигнување родова еднаквост во работата и во домот.