Зелена алармна зона „Тивко загадување – гласно дејствување

Руралните заедници во Пелагонискиот регион се соочуваат со сериозен и сè поизразен проблем со загадувањето на животната средина. Нерегулираните депонии, неконтролираната употреба на пестициди и недостигот од системи за собирање и прочистување на отпадни води директно го загрозуваат здравјето на луѓето, квалитетот на почвата и водата, како и одржливоста на земјоделското производство.
Најдиректно засегнати се жителите на руралните заедници – особено земјоделците, жените и децата, чие здравје и егзистенција зависат од чиста почва, вода и здрава животна средина. Последиците се чувствуваат низ целата локална заедница, преку намален квалитет на живот и зголемени здравствени ризици.
Проектот има за цел да одговори на овие предизвици преку комбинација од:
- Едукација и информирање на граѓаните за причините и последиците од загадувањето;
- Истражувачко новинарство, кое ќе ги документира реалните состојби на терен и ќе ги прикаже гласовите на заедницата;
- Јавна кампања и застапување, насочени кон поттикнување институционална одговорност и конкретни мерки за заштита на животната средина.
Истражувачката сторија, подготвена во соработка со локални новинари и жители, ќе биде клучна алатка за отворање јавна дебата и иницирање дијалог со локалните власти и надлежните институции. Преку активно учество на граѓаните, особено на земјоделците и семејствата со деца, проектот ќе ја зајакне свеста, мотивацијата и чувството на заедничка одговорност за решавање на проблемите.
Активностите ќе се реализираат во руралните населени места во општините Долнени, Кривогаштани, Крушево, Могила и Новаци, во период од ноември 2025 до март 2026 година.
Нашата визија е чиста, здрава и одржлива Пелагонија – каде што гласот на заедницата е слушнат, а институциите преземаат одговорност.
Проектот финансиски е поддржан од РЕСИС