Пилотирање на услуги за поддршка за вработување на млади лица во Република Северна Македонија
Цел на проектот - Придонес за намалување на неактивноста и стапката на невработеност кај младите лица на возраст до 29 години
Специфични цели
- Обезбедување на услуги за поддршка за вработување на млади лица кои се соочуваат со неможност да бидат конкурентни и прифатени на пазарот на трудот
- Зајакнување на капацитетите на невладините организации кои обезбедуваат услуги на поддржано вработување
- Обука на тренери за поддржано вработување и пилотирање на услуги за поддржано вработување
- Зајакнување на мрежата на давателите на услуги на поддржано вработување
Активности
- Континуирана едукација за двајце претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР и нивно вработување на позиција - младински коучи (тренери)
- Воведени услуги за вработување за млади невработени лица до 29 години (тренинг за млади, образовна поддршка, работна асистенција) преку обучени младински тренери во ЛАГ АГРО ЛИДЕР
- Воведување на наставна програма за услуги на поддржано вработување обезбедена од Виен-Ворк
- Воспоставена соработка со бизнис ентитети за поврзување со потенцијални лица за вработување согласно профилот и потребите на бизнис ентитетите
- Воспоставена соработка на ЛАГ АГРО ЛИДЕР со релевантни институции
- Вмрежување на ЛАГ АГРО ЛИДЕР со даватели на услуги за поддржано вработување на национално, регионално и европско ниво
Проектот се спроведува во партнерство со Wien Work како водечка организација и пет граѓански организации од РС Македонија - ЛАГ АГРО ЛИДЕР (Кривогаштани), Инклузива (Куманово), Институт за развој на заедницата (Тетово), Избор (Струмица) и Youth&Community Center (Гостивар)
Проектот е финансиски поддржан од Австриското министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи и УНДП.