Спорт и здрава храна за детство без мана

Локалната Акциона Група Агро Лидер во соработка со СОУ Орде Чопела-Прилеп денес организираа настан “Спорт и здрава храна за детство без мана”. Кај Градскиот Саат во Прилеп децата уживаа во спортски активности, цртање и боење како и во вкусните производи подготвени од тимот на училиштето “Орде Чопела”-Прилеп. Оваа локална иницијатива е плод на заедничка соработка и желба да се даде придонес кон активен и здрав начин на живот за децата.