Домашно.мк - иницијатива на ЛАГ АГРО ЛИДЕР за промоција на локални производи, култура, настани и убавини!

Домашно.мк е дигитална платформа специјализирана за промоција и маркетинг на земјоделски производи и рачни изработки, поврзување на произведувачите со пазарите, промовирање на локалните производи на национално и меѓународно ниво, збогатено со промоција на регионалната литература, уметност, туристички атракции, локалитети, тури и авантури, како и гастрономски ентитети од Пелагонискиот Регион.

Платформата ги поврзува локалните земјоделци, производители и автори со потенцијални купувачи и крајни потрошувачи, овозможувајќи им директна продажба на производите до крајните купувачи, без посредници, со можност за остварување на поголем приход од своите активноски и производи. Сите произведувачи се одбрани во согласност со стандардите за квалитет на Домашно.мк и Ви нудат производи со докажан квалитет. За да услугата биде целосна, тимот на Домашно.мк Ви овозможува достава на производите на Вашата домашна адреса.

Домашно.мк нуди

  • Поврзување на производителите со нивните потенцијални потрошувачи.
  • Достапност на квалитетни производи и авторски дела за потрошувачите.
  • Пристап на производителите и авторите до дигитален пазар за пласман на нивните производи. 
  • Заштеда на време и пари со можноста за он-лајн нарачка и обезбедна достава на нарачаните производи.
  • Промоција на локалното производство и убавините на регионот на национално и на меѓународно ниво. 
  • Обука за пристап и користење на можностите што ги нуди Домашно.мк.

На Вас останува да не посетите и да се уверите сами во можностите што Ви ги нуди Домашно.мк.

Поддржете го трендот на поддршка на локалните производители, автори и бизниси кои го оддржуваат нашиот Регион!

За повеќе информации посетете ја нашата веб-страна: www.domasno.mk.