Работилници “Активација на ранлливи групи на пазарот на трудот преку ментроство и коучинг”

Денес, во организација на Мрежата на ЛАГови и ЛАГ АГРО ЛИДЕР се одржа онлајн работилница “Активација на ранлливи групи на пазарот на трудот преку менторство и коучинг” на која претставници на Австриското интегративно претпријатие Виен Ворк – г-н Кристоф Шреинер и г-ѓа Валтрауд Шоубер ги презентираа организационата структура, програмите и услугите кои ги спроведува организацијата, начинот на финансирање и достигнатиет резултати.

Виен Ворк секоја година обезбедува вработување и обука за околу 700 лица со или без попреченост како и долгорочно невработени лица, преку инклузивна професионална обука, интегративно работење и менторство и коучинг односно управување со работно место.

Програмите на Виен Ворк се креирани да дадат ефикасни и ефективни услуги, кои имаат одржливо влијание.  За достигнување на овие значајни резултати значаен придонес има соработката со јавните институции – агенцијата за вработување, центрите за социјална работа и образовните институции за да може да се се креираат услуги кои одговараат на реалните потреби на корисниците.

Во нашата држава, последниве години континуирано се работи на активација на ранливи групи на граѓани на пазарот на труд, а споделувањето на знаење и искуство од организација како Виен Ворк која повеќе од 40 години успешно делува за обука и вработување на лица со и без попреченост е можност за релевантните чинители и потенцијалните даватели на услуги во нашата држава да воведат услуги кои ќе овозможат успешна интеграција на ранливите групи на нашиот пазар на труд. 

Работилницата е организирана во склоп на активностите на Проектот  “eHelp Северна Македонија – Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување” кој се спроведува со поддршка на Австриското Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи.