ЛАГ АГРО ЛИДЕР со активности за подобрување на условите за учење на децата во селата

Заедно соработуваме и делуваме за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, а особено за подобар живот на децата.
Со поддршка од ЛАГ АГРО ЛИДЕР беа реновирани тоалетите во склоп на подрачното училиште во рамките на ОУ "Манчу Матак", Кривогаштани во село Врбјани.
Децата во руралните средини треба да имаат еднакви можности и еднаков пристап до ресурси како децата во урбаните средини.
Должност на секој од нас е да се избориме за еднакви можности за секое дете