Младински зелени социјални претпријатија – нова енергија за руралниот развој

Проектот има за цел да создаде нови можности за младите од руралните општини Долнени и Крушево преку развој на социјално претприемништво, заштита на животната средина и одржливо земјоделство. Преку иновативни и практични решенија, проектот ќе придонесе кон економска одржливост, отворање зелени работни места и подобрување на квалитетот на живот во руралните заедници.
Цели на проектот
- Воспоставување основи за младински социјални претпријатија во областа на заштитата на животната средина, со фокус на управување со органски отпад, компостирање како потенцијален социјален бизнис и социо-економска интеграција на младите на пазарот на труд.
- Формирање младинска земјоделска задруга како инкубатор за зелени идеи, одржливи рурални заедници, примена на нови методи во земјоделството и развој на еко-бизниси.
- Градење капацитети и подигање на свеста кај младите од руралните средини за социјално претприемништво, циркуларна економија и заштита на животната средина.
Целни групи
Директни корисници:
- Долгорочно невработени млади лица (15–29 години) од руралните општини Долнени и Крушево – 10 лица
- Млади кои не се вработени, ниту се во образование или обуки (NEETs) – 5 лица
- Жени од руралните општини Долнени и Крушево – 10 лица
- Вработени во јавни комунални претпријатија – 10 лица
- Млади земјоделски производители – околу 100 лица во двете општини
- Бизнис сектор – околу 10 мали и микро компании во регионот
Индиректни корисници:
- Целото локално население од општините Долнени и Крушево (околу 20.000 жители)
- Национални институции: Министерство за животна средина и просторно планирање и Агенција за развој и поддршка на земјоделството
Очекувани резултати
- Р1: Создадена младинска земјоделска задруга како инкубатор за зелени идеи и простор за менторство, обука и развој на најмалку 5 социјални еко-бизнис иницијативи.
- Р2: Воспоставени основи на 5 младински социјални претпријатија за заштита на животната средина, со цел создавање зелени работни места и економска одржливост на младите од руралните средини.
- Р3: Изградени капацитети и подигната свеста кај младите од руралните средини за социјално претприемништво, циркуларна економија и заштита на животната средина.
Клучни активности
- А1: Формирање на младинска земјоделска задруга
- А2: Обуки и менторство за развој на еко-социјални претпријатија
- А3: Развој на минимум 5 младински еко-социјални бизнис иницијативи (бизнис канваси)
- А4: Отворени денови за социјално претпријемништво во руралните средини
- А5: Кампања за подигање на свеста и промоција на социјалното претпријемништво
Проектот ќе се спроведува во периодот од 01.10.2025 - 31.05.2026 година
Активностите се дел од проектот ‘RAISE CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023