Социјална правда во руралните заедници преку зајакнување на дигиталните и претприемничките вештини на жените од руралните средини

Општа цел на проектот: Подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини преку зајакнување на дигиталните и претприемничките вештини за градење на економски одржливи земјоделски фарми и рурални  бизниси, воспоставување на пристап до правна и советодавна поддршка и креирање на јавни политики за обезбедување на социјална правда.

Специфични цели

- Економско јакнење на жените од руралните средини преку зајканување на нивните дигитални и претприемачки вештини со обезбеден пристап до дигитален простор за продажба и промоција на земјоделски производи и преработки, ракотворби и други локални производи.

- Воспоставување услуги за пристап до правна помош и советодавна поддршка за можностите и програмите на релевантни национални, регионални и интернационални институции

-  Обезбедување на социјална правда преку мониторинг на политиките и предлози за мерки за унапредување на економските и социјалните политики што имаат влијание на животите на жителите на руралните средини, особено на жените од руралните средини.

Проектните активности даваат поддршка и носат придобивки за жителите на руралните средини, особено за руралните жени.

Домашно.мк ќе им користи на локалните производители и ракотворци да може да ги промовираат и продаваат своите производи, притоа обезбедувајќи приход и подобрувајќи ја својата економска положба.

Услугите на советодавна поддршка и теренските посети ќе создадат можности за жителите на руралните средини да навремено добиваат инфомации и имаат непречен пристап до остварување на права, како и пристап до можности за развој на бизниси и/или вработување.

Анализата на на бариерите и предизвиците со кои се соочуваат жителите на руралните средини, со посебен фокус на жените, ќе им помогне на граѓанските организации во процесите на планирање на нивните идни програми и иницијативи, а воедно ќе овозможи вмрежување и заедничко делување за социјална правда во руралните заедници.Анализата ќе им помогне на општините и јавните институции во креирањето на нивните стратегии и програми, со мерки кои ќе одговорат на реалните потреби на граѓаните.

Времетраење на проектот: 01 Јануари 2022 - 30 Октомври 2022