Europe is Easy – Проект кој обединува 7 европски држави
Од 10ти ноември до 13ти ноември 2022 година претставници на Општина Крушево и Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР беа во дел од настан во рамките на проектот “Europe is Easy” кој го води општина Брезнички Хум со поддршка од програмата „Европа за граѓаните“.
Во проектот учествуваат претставници од 7 европски држави – Хрватска, Унгарија, Словенија, С.Македонија, Србија, Романија и Босна и Херцеговина.
Програмата за имплементација на проектот вклучуваше прием на учесниците во проектот во винарската визба Шафран со кратка презентација на сите учесници од македонското Крушево, словенечкото Нови Место, српската Врњачка бања и Сремски Карловац, унгарскиот Сопронковес, босанската Бања Лука и романската општина Јосени, како и хрватската општина - домаќин Брезнички Хум.
Во саботата 12.11.2022 во културниот центар „Иван Рабузин“ во Нови Мароф се одржа тркалезна маса на тема евроскептицизам, по што на учесниците преку пригодна програма им беа претставени народните обичаи на празнувањето на Свети Мартин на овие простори. „Мартин во Мароф“ во организација на локалниот туристички одбор.
Во својата тридневна посета, учесниците во проектот имаа можност да се запознаат со социјалниот и економскиот развој на општина Брезнички Хум, како и да посетат значајни настани на територијата на општина Брезнички хум и пошироко, како прославата на Свети Мартин и саемот на локални производители на кој беа промовирани активностите на жените како чувари на традицијата и уникатната Хрватска храна преку едицијата на традиционални рецепти “Starinski zmaki”, а воедно учесниците уживаа во културната програма на музичкиот оркестар и хорот на Брезнички Хум.
На 13ти Ноември сите претставници на општини и организации кои се дел од проектот потпишаа Меморандум за соработка со цел спроведување на заеднички активности во иднина.
Овој проект е една уникатна приказна на градење на партнерства преку кој се збогатува заедничкиот потенцијал и се создаваат вредности кои се споделуваат со заедницата во партнерските општини и организации.