Претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР учесници на обука за застапување со фокус на жените од руралните средини
![](https://lagagrolider.mk/sites/default/files/317937568_3390046021281208_8416731964880601609_n.jpg)
Претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР учествуваа на обука за зголемување на нивните капацитети за застапување во текот на пристапниот процес кон Европската Унија со фокус на маргинализираните заедници и жените од руралните средини.
Обучувачи на тридневната обука беа Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за Европски политики, и Diana Kоbas Deskovic која ја презентираше Политичката рамка на ЕУ и меѓународните иницијативи за унапредување на положбата на жените фармери, и Директива 210/40/ЕУ и практичната имплементација во хрватска и други Европски држави.
Оваа активност е организирана во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ кој е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.