Обука "Тренинг за Тренери"

Од  7ми до 11ти јуни се оддржа пет дневна обука "Тренинг за Тренери" за подржано младинско вработување во Крушево, организирана од  страна на ЛАГ Агро Лидер во рамките на проектот “Иницијатива за младинско вработување”. Обуката беше фокусирана на презентирање алатки, но и методи кои би им помогнале на  младинските работници во нивните активности насочени кон младите работата со млади при барањето на работа и нивното вработување. Проектот кој е поддржан од Еразмус+ програмата и Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност се спроведува во партнерство со оранизации од Италија и Романија, чии претставници се опремија со вештини за воведување на услуги за поддржано вработување, и нови алатки и методи кои може да ги користат во нивната секојдневна работа за обезбедување на персонален и професионален развој на младите.

Поради високата стапка на невработеност во државите на проектните организации како и дополнителниот предизвик на губење на работната позиција поради пандемијата и неможноста да се пристапи кон пазарот на трудот за да се добие вработување, беше основа  за да се креира оваа проектна инцијатива која со подршка од Еразмус+ програмата започна да се реализира. Искуството на граѓанскиот сектор ја нагласува неопхдноста од соработка и споделување на добри практики, а во таа насока ЛАГ АГРО ЛИДЕР кој веќе има програма за услуги за поддржано вработување и знчајни достигнати резултати, алатките кои ги користи  за спроведување на овие услуги ги споделува со партнер организациите во проектот.

Како финален резултат од овој проект ќе биде креирањето на водич кој ќе ги содржи сите методи и алатки кои беа презентирани и истиот ќе биде достапен и на македонски, англиски, италијански и романски јазик.