Mлади женски гласови на балканската рурална поезија

Проект на Лаг Агро Лидер, „Mлади женски гласови на балканската рурална поезија“, чија главна цел е промовирање на активни млади авторки од руралните области од Балканот и зајакнување на младите од руралните средини преку позитивни приказни, прифатен за суб-грантирање во рамките на проектот „Регионална мрежа за културна разновидност“, финансиран од Европската Унија.
Како дел од поддршката обезбедена за реализација на повеќејазични проекти, Лаг Агро Лидер со задоволство ќе започне со промоција на млади талентирани авторки од соседните земји. Овој пат, следејќи ги нашите програмски цели и мисии, избравме да ја преведеме и промовираме на македонски јазик храбрата и бескомпромисна порака на младата српска поетеса Радмила Петровиќ, за која руралноста и младоста се доминантни теми.
Песните на Петровиќ се инспирирани од растењето и влегувањето во светот на возрасните од изолирано место. Тие на многу автентичен и искрен начин зборуваат за проблемите, предизвиците и желбите со кои се соочуваат младите од малите, претежно рурални области. Објавување и промовирање на авторка, којашто веќе е наречена следниот моќен глас во српската модерна поезија, несомнено може да влијае на многу млади луѓе во регионот, земајќи ги во предвид темите за коишто пишува авторката. Сеопфатната промоција и дистрибуција на книгата, придружена со креативни и критички разговори, несомнено ќе стигне во многу делови на земјата и ќе инспирира млади девојки и момчиња да ги следат своите соништа.
„Мајка ми знае што се случува во градовите“ од Радмила Петровиќ, издадена од ППМ Енклава (2020), стана една од најкоментираните книги во Србија. Претходно, Петровиќ освои широката публика преку Фејсбук и предизвика љубопитност за поезијата дури и кај оние кои воопшто по неа не посегнуваат. Иако книгата флертува со женски теми за подреденост, таа сепак останува во хоризонтот на очекувањата на српската поетска сцена и родовата распределба на моќта.
Користејќи го слоганот за панкот, можеме да парафразираме дека за Петровиќ „селото не е мртво!“.

Devojka koja ne veruje u mitove

 

kod proročice smo išli

tata, mama i ja

rekla je biću muško

i nešto veliko

spasla mi je život

 

devojčice koje se ovako rode

ne poznaju bogove

za sedmi rođendan

kolju petla na panju

 

ne koriste maskaru

nego masat i francuski ključ

voze traktor

cede čvarke

i jedu kavurmu

 

to su one dugonoge devojke

što same šetaju

dok se prve pahulje tope

na krovu hotela Moskva

 

priđi im samo ako možeš

zavoleti muškarca u njima

Регионалниот ЕУ проект Регионална мрежа за културна разновидност - РЕАД има за цел да промовира вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот. Проектот го спроведува Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации: Центар за балканска соработка - Лоја (Северна Македонија), Instituti i Librit dhe i Promocionit (Албанија), Kalem Culture Association (Турција), Association Krokodil Krokodil (Србија) и Qendra Multimedia (Косово). Проектот е финансиран од Европската унија.

Partners