Конференција "Целите за одржлив развој во обезбедување на родова еднаквост, пристап до права и можности за жените од руралните средини"
По повод 15ти Октомври - Мешународниот ден на жените од руралнките средини, ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со Комисијата за еднакви можности на општина Прилеп ја одржа Конференцијата - Целите за одржлив развој во обезбедување на родова еднаквост, пристап до права и можности за жените од руралните средини, со поддршка на Фондација Отворено општество - Македонија.
Претставници на јавни институции, локални самоуправи, образовни институции, локални тела, бизнис ентитети и граѓански организации ги споделија нивните заложби за унапредување на правата и создавање на можности за жените во руралните средини.
Гостин на настанот беше Атиџе Муратова - нашата хероина која низ својата животна приказна го прикажа животот на жените во руралните заедници, баш таков што е , без суфикси и придавки. Преку животот на нашата хероина г-ѓа Атиџе Муратова прикажан во документарниот филм “Медена земја”. Атиџе ги претстави руралните жени моќни, силни и посветени на развојот на заедницата, потсетувајќи не дека не сите ние го започнуваме денот со исти можности и немаме сите исти придобивки од достапните политики и програми, а особени жените кои живеат во руралните заедници.
Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР го презентираше Документот со предлог решение за овозможување на право на платено породилно отсуство за жени- со статус на индивидуален земјоделец. Предлог-решението обезбедува заштита на работничките права и намалување на дискриминацијата. Тоа се заснова врз принципите на праведност и се фокусира на постигнување резултати на интегриран начин, во насока на заштита на човековите права, усогласување со меѓународните препораки за заштита на мајчинството/татковството, социо-економско зајакнување на индивидуалните земјоделци и постигнување родова еднаквост во работата и во домот.
Овој настан е повик за интензивирање на соработката на сите релевантни актери за заедно да делуваме за да ги унапредиме правата и да создадеме можности за развој на заедницата и општеството преку потенцијалот и перспективата на жените од руралните средини.