“Со поетски зборови СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ” ЛАГ АГРО ЛИДЕР и општина Градско
“Со поетски зборови СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ” ЛАГ АГРО ЛИДЕР и општина Градско го одбележаа 25ти ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата
Со настанот “Со поетски зборови СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ” во Домот на културата во Градко, ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со општина Градско го одбележа 25ти ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата и се придружија на глобалното движење 16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените и девојчињата под овогодинешната тема “ОБЕДИНЕТЕ СЕ”.
Со поетски зборови за стоп на насилството врз жените е иницијатива која ја започнале група поети и ентузијасти во Хрватска кои преку моќта на пишаниот збор ја изразуваат својата поддршка за елиминирање на насилството врз жените и девојчињата, и алармираат дека насилството врз жените и девојчињата е кршење на човековите права кое е најмалку препознаено на глобално ниво иако во светски рамки секоја трета жена/девојка е жртва на насилство. Оваа иницијатива се повеќе се проширува низ села, градови и држави, а од оваа година дел од оваа иницијатива се ЛАГ АГРО ЛИДЕР и општина Градско. Со читање на делата на жени авторки го креваме гласот против проблемите со кои секојдневно како жени се соочуваме, и алармираме за ИТНА елиминација на сите форми на насилство врз жените и девојките и заштита и унапредување на нивните права.
Над 80 жени од општина Градско со своето присуство на овој настан застанаа зад глобалната порака – ОБЕДИНЕТИ ЗА СТОП НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ. И не само денес, туку секој ден секој од нас да даде придонес за елиминирање на насилството врз жените и девојките.