Оглас за индивидуален консултант за спроведување на работилници за обука за финансиски менаџмент
Почитувани,
Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР Кривогаштани е невладина организација која спроведува локални активности и иницијативи за одржлив рурален развој на територијата на општините Кривогаштани, Долнени, Крушево и Прилеп.Со поддршка на WE EFFECT, ЛАГ АГРО ЛИДЕР го спроведува "Проектот за развој предводен од заедницата" кој има за цел да ги подобри условите за живот на руралните заедници на територијата на ЛАГ Агро Лидер во однос на пристап до основните социо-економски услуги и одржливо зголемување на приходите, истовремено промовирајќи ги човековите права и подобрените практики за управување со ресурсите.
Со цел зајакнување на организациските капацитети, Локалната акциона група АГРО ЛИДЕР, објавува ОГЛАС ЗА ИНДИВИДУАЛЕН КОНСУЛТАНТ кој ќе развие и спроведе програма за обука за финансиски менаџмент на персоналот и членовите на ЛАГ АГРО ЛИДЕР. (Детали за огласот во Прилог)
Консултантот е одговорен за испорака на:
1. Развивање на програми за обука за 3 (три) полудневни работилници за обука во:
а) Планирање на буџет и контрола на буџетот
б) Процедури за набавки и контрола на финансиските процеси
в) Внатрешна и надворешна независна ревизија
2. Спроведување на полудневна работилница за обука за планирање на буџетот и контрола на буџетот
3. Спроведување на полудневна работилница за обука за Процедури за набавки и контрола на финансиските процеси
4. Спроведување на полудневна работилница за обука за внатрешна и надворешна независна ревизија
5. Подготовка на извештај за реализирани активности (на англиски јазик), вклучувајќи:
а) Опис на извршените активности – Агенда на работилницата и материјали за работилницата,
б) Фото документација од извршените активности,
в) Списоци на учесници во обуката,
г) Пополнети евалуациони прашалници
Времетраење
Обуките треба да се спроведат во текот на месеците јануари и февруари 2024 година. Распоредот на обуки ќе биде одреден по доделувањето на договорот во соработка и координација со ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
Максималниот број на работни денови достапни според договорот е 3 (три) – 1,5 дена за работилниците и 1,5 дена за подготовка, известување и административна работа.
Подобниот консултант треба да ги исполнува следниве критериуми:
• Диплома за завршено високо образование - економија, финансии, ревизија или сродни области;
• Најмалку 3 години искуство во спроведување обука за финансиски менаџмент на граѓански организации (НВО, здруженија, федерации итн.)
• Најмалку 5 обуки за финансиско управување спроведени во последните 3 години на граѓански организации
• Најмалку 3 граѓански организации како клиенти во последните 3 години;
-Процедура за аплицирање:
Заинтересираните апликанти треба да ги достават следните документи:
• Кратка Биографија
• Референтна листа од најмалку 5 обуки за финансиско управување испорачани во последните 3 години до граѓански организации.
• Најмалку 3 референтни писма
• Финансиска понуда во денари, вклучувајќи ги сите важечки даноци и други трошоци, како што се: персонален данок, патни трошоци, дневници, осигурување итн.
• Изјава (погледнете го дел XI во Повикот во Прилог).
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на lagagrolider@gmail.com и marina_tosheska@yahoo.com со наслов: Апликација за консултант, не подоцна од 18ти јануари (четврток) (16:00ч.) 2024г.
ЛАГ АГРО ЛИДЕР ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 23ри Јануари 2024г.
Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.
За дополнителни прашања и информации, обратете се на маил lagagrolider@gmail.com најдоцна до 16.01.2023 до 16.00 часот.
Со почит,
Тимот на ЛАГ АГРО ЛИДЕР