Green Up Yourself

Проектот Green Up Yourslef има за цел да го промовира претприемништвото и вработливоста на младите луѓе кои живеат во руралните sredini во Европа, преку обука за зелени и претприемачки вештини и промоција на зелено претприемништво.

Целите кои се очекува да се постигнат по завршувањето на проектот се:
● Идентификација на потребите за обука, зелени вработувања и добрите практики поврзани со зеленото вработување во Европската унија
● Развој на програма за обука и иновативни дигитални алатки за промоција на зелени вештини и претприемништво за младите
● Обучени професионалци кои работат со млади луѓе за зелени и претприемачки вештини 
● Промовирање на вработливоста на невработените млади од руралните средини на Европската Унија, преку обука за зелени вештини, промоција и свесност за зелените можности за вработување,
● Промоција на вмрежување на европско ниво и поддршка на други субјекти кои работат на подобрување на вработливост на ранливи групи на луѓе и промовирање на зелено вработување,
● Подигнување на свеста кај населението на Европската унија за прашања поврзани со вработувањето и зеленото претприемништво и новите пазарни можности во руралните области.

 Активности

• Истражување за можностите за вработување и потребите за обука на младите кои живеат во руралните средини во однос на зеленото претприемништво.
• Креирање на модул за обука за вработување и зелено претприемништво.
• Создавање на виртуелна платформа за учење за промовирање зелено вработување и претприемништво.
• Обука на млади луѓе и професионалци за пилотирање на развиените алатки.
• Развој на кампања за подигање на свеста на оваа тема во ЕУ.

Проектот е во времетраење од две години, почнувајќи од 1ви март 2023 и ќе трае до 1ви март 2025 година.