„Пилот проект за воспоставување на услуги за достава на (органска) храна
Во партнерство со организацијата Б.И.Е.Н.Е. (Boden, Bio-Energi, und Nachhaltigkeits Netzwerk NÖ | ЕУ), Локалната Акцииона Група АГРО ЛИДЕР го спроведува проектот „Пилот проект за воспоставување на услуги за достава на (органска) храна“
Соработката за иновации и размена на добри практики се клучни за справување со ново настанати ситуации и предизвици. Австриските организации се на врвот од земјите од Европската Унија според иновативни решенија, надополнето со нивна подготвеност да ги развијат и имплементираат тие идеи во Северна Македонија преку заедничко работење и споделување на знаење за стимулирање на развојот на добрите практики.
Цел на проектот - Трансфер на знаење и добри практики како неопходност за помалку развиените земји како Северна Македонија да се справат со последиците од пандемијата КОВИД 19.
Општи цели на проектот
- Подобрување на испораката на (органска) храна за постари лица и други целни групи, диверзификација на соодветните канали на дистрибуција и еластичност на системот за снабдување со храна во Северна Македонија
- Придонес кон одржливо вработување на жени и млади лица
- Зголемено учество на руралните жени во процесите на донесување одлуки и економскиот развој
- Зајакнување на капацитетите на невладините организации во руралните области
- Зголемување на меѓугенерациска соработка
- Подобрување на соработката помеѓу релевантните засегнати страни во социјалниот сектор
- Придонес кон заштитата на животната средина и справување со климатските промени
- Придонес за овозможување на жените од руралните средини да имаат еднаков пристап до институциите и социјалните услуги
Активности
- Транснационален состанок во С. Македонија
- Тематски (онлајн) работилници
- Воспоставување на онлајн платформа за достава на (органска) храна
- Работилници за делувањето на социо-економските претпријатија во соработка со Сојузното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи
- Преодно вработување, обука на работно место, вработување и пракса за 6 млади / жени
- Набавка на 2 Е-велосипеди за воспоставувње на услуга за доставување храна во склоп на активностите на ЛАГ Агро Лидер
- Набавка на ЛЕД ламби за домот на стари лица во Прилеп (Подобрување на условите на живот во домот за стари лица во Прилеп и заштеда на електрична енергија)
- Подготовка на документ за јавна политика за правата на жените во руралните области во однос на пристапот до правата од социјална заштита и земјоделските права подготвени и доставени до релевантни јавни тела
Период на имплементација: 01.10.2020-31.03.2022