Конференција "ПРИСТАПОТ ДО СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ - ПРЕДИЗВИК НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ГРУПИ И НАШЕТО ОПШТЕСТВО"

На 6ти Септември 2022 година, Мрежата на Локални Акциони Групи во соработка со ЛАГ АГРО ЛИДЕР  ја одржа завршната конференција "ПРИСТАПОТ ДО СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ - ПРЕДИЗВИК НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ГРУПИ И НАШЕТО ОПШТЕСТВО" во рамките на проектот "еHELP СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ПРЕКУ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И ВМРЕЖУВАЊЕ"

На конференцијата обраѓање имаше г-н Харалд Фугер - Аташе на Сојузното Австриско Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи кој ги сподели достигнувањата во областа на социјалната заштита кои ги бележат граѓанските организации во нашата држава со билатералната соработка помеѓу двете држави. Мрежата на ЛАГови во соработка  со Австриските организации Verein LAG Regionalmanagement regio3, Dachverein zur Regionalentwicklung Fuschlseeregion – Mondseeland (FUMO) и Regionalentwicklungsagentur Zeitkultur Oststeirisches Kernland со поддршката од Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство,грижа и заштита на потрошувачи во рамките на проектот еHelp забележаа значајни резултати во подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигиталната платформа eHelp.mk, како и преку мобилните тимови кои ги посетуваат жителите во селата и руралните средини обезбедувајќи им информативна и советодавна поддршка за пристап до права од социјална заштита, права од детска заштита како и пристап до активни мерки и можности за врабтоување согласно националните политики и програми.

Проектот обезбеди соработка помеѓу граѓанските организации,  јавните институции како  Министерство за труд и социјална политика, ЈУ Меѓуопштински Центри за социјална работа Прилеп и Велес, ЕЛС на општините Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Градско, Велес и Чашка, Агенција за вработување Прилеп, Центар за развој на Вардарски Плански Регион и други засегнати страни за заеднички активности и придонес за градење на поинклузивно и поправедно општество.