×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Завршен транснационален состанок во рамките на проектот Иницијатива за вработување млади

На 26ти и 27ми Април 2022 претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР зедоа учество на завршниот транснационален состанок во рамките на проектот YEI кој се одржа во Молфета, Италија. Проектот “Иницијатива за вработување млади” го спроведува ЛАГ АГРО ЛИДЕР во партнерство со организациите Асоцијација ИнКо Молфета, Италија и Асоцијација Младите за заедницата, Бистрица, Романија, со поддршка на Еразмус+ Програмата и Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.

За време на овој последен состанок, партнерите дискутирааа за можностите за користење на подготвениот Водич за воведување на услуги за поддршка за вработување  млади, како и за можностите да се користат резултатите на YEI проектот по неговото завршување, не само во партнер организациите туку и во други релевантни организации и институции.  Со изготвениот водич достапен на англиски, италијански, македонски и романски јазик, партнерите сакаат да понудат еден сеопфатен преглед на Иницијативата за вработување млади – услуги за поддршка при вработување обезбедени од младински обучувачи за сите професионалци кои работат во областа на социјалната инклузија и вработливост на младите, а се заинтересирани за воведување и примена на такви услуги за поддршка при вработување во нивната работа со младите луѓе. Дополнително, беа разгледувани можностите за вмрежување и соработка со други организации од Европа и пошироко за споделување на знаење и искуство, и давање придонес во зголемување на младинската вработливост.

За време на состанокот, партнерите имаа средба со претставници на Советот на општина Молфета, волонтери од други земји, а воедно имаа можност да ја истражат Молфета и нејзините убавини преку организирана тура предводена од туристички водич.