ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧ/КА ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА И ЗЕЛЕНИ БИЗНИС МОДЕЛИ
1. Општи информации
Локалната акциска група ЛАГ Агро Лидер објавува јавен повик за ангажирање на обучувач/ка за циркуларна економија и зелени бизнис модели за спроведување обука во рамки на проект за развој на младински еко-социјални претпријатија, во рамки на проект „Младински зелени социјални претпријатија – нова енергија за руралниот развој“ насочен кон јакнење на економските можности на младите од руралните средини и развој на еко-социјални претпријатија во општините Долнени и Крушево, финансиран од Европската Унија преку проектот ‘RAISE CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со НОВУС и Паблик, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023
Проектот има за цел да воспостави основи за младински социјални претпријатија за заштита на животна средина, кое ќе обезбеди економска одржливост и можности за вработување, да придонесе до заштита на животна средина, управување со органскиот отпад во руралните средини, компостирање како потенцијален социјален бизнис, како и социо-економска интеграција на младите во пазарот на труд; Да се создаде младинска земјоделска задруга како инкубатор за зелени идеи за заштита на животна средина и одржливи рурални заедници, примена на нови методи во земјоделството и еко-бизнисите; Градење на капацитети и подигање на свеста кај младите од руралните средини за социјално претприемништво, циркуларна економија и заштита на животна средина, особено на ранливи категории како жени, NEETs и долгорочно невработени лица, преку развој на социјално претприемништво.
2. Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е ангажирање на обучувач/ка со експертиза во циркуларна економија и зелени бизнис модели, кој/а ќе спроведе практична обука за млади од рурални средини (15–29 години), со цел:
- зголемување на нивното знаење за циркуларната економија;
- развој на зелени и еко-социјални бизнис идеи;
- примена на циркуларни решенија во управување со органски отпад и земјоделство
3. Опис на задачите
Избраниот/ата обучувач/ка ќе биде одговорен/а за:
- Подготовка на програма и наставни материјали за еднодневна тематска обука;
- Спроведување на обука која ќе ги опфати:
- основните принципи на циркуларната економија;
- разликата помеѓу линеарни и циркуларни економски модели;
- управување со органски и биоразградлив отпад како економска можност;
- компостирање и повторна употреба на земјоделски остатоци;
- зелени бизнис модели и еко-социјални претпријатија;
- поврзаност со Зелената агенда за Западен Балкан и ЕУ политики;
- Фасилитирање на практична работа во групи за развој на почетни зелени бизнис идеи;
- Поддршка на учесниците во подготовка на иницијални бизнис канваси;
- Примена на партиципативни и инклузивни методи на работа, прилагодени за млади од рурални средини.
4. Целна група на обуката
Обуката е наменета за:
- млади лица од руралните средини (15–29 години);
- NEETs;
- жени од рурални средини;
- долгорочно невработени млади лица.
Очекуван број на директни учесници: минимум 10 лица.
5. Потребни квалификации и искуство
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Високо образование во областа на животна средина, земјоделство, одржлив развој или сродни области;
- Минимум 3 години професионално искуство во циркуларна економија, зелени бизниси или еко-проекти;
- Докажано искуство во спроведување обуки или работилници;
- Познавање на ЕУ зелени политики и Зелената агенда за Западен Балкан;
- Искуство во работа со млади и/или рурални заедници ќе се смета за предност.
6. Времетраење и локација
- Времетраење на ангажманот: краткорочен ангажман (подготовка + 1 ден обука);
- Локација: Крушево;
7. Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо со опис на релевантно искуство;
Само целосни апликации ќе бидат разгледани.
8. Критериуми за избор
Изборот ќе се врши врз основа на:
- релевантно искуство и експертиза;
- искуство во работа со млади и рурални заедници;
9. Рок и начин на доставување на понуди
Понудите треба да се достават електронски на:
Е- пошта: lagagrolider@gmail.com
Со назнака: „Обучувач/ка за циркуларна економија и зелени бизнис модели “
или
Во просториите на ЛАГ Агро Лидер, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот
Краен рок за поднесување: 07.02.2026
Апликации поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
10. Напомена
ЛАГ Агро Лидер го задржува правото:
- да побара дополнителна документација или појаснување
- да организира интервју со подносителите,
- да не избере ниту еден понудувач доколку не ги исполнува критериумите,
- да го поништи повикот поради административни или проектни причини