Заедно за заедницата

ЛАГ АГРО ЛИДЕР ја започна иницијативата "Заедно за заедницата" насочена кон промоција на волонтерство и заеднички активности за локалната заедница, како дел од активностите во проектот "еHelp Северна Македонија:Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување".
Во рамките на иницијативата беше уредено дворното место на Дневниот Центар за лица со попреченост "Ѕуница" Прилеп со поставување на реквизити и замена на оградата со цел д се даде придонес во подобрување на квалитетот на престој за лицата кои го посетуваат дневниот центар.