Повик за правник за вклучување во проектот „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”
Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, за успешно спроведување на активностите во проектот “„Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”” поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија објавува повик за ангажирање на еден (1) правник/правничка.
Главна цел на проектот е Зајакнување на социјалната и економската состојба на жената од руралните средини преку градење на економски одржливи земјоделски фарми и локални капацитети, воспоставување на пристап до советодавна поддршка и креирање на јавни политики за правна еднаквост
Задачи и обврски на ангажираниот/а правник/чка:
- Правникот/правничката ќе биде ќе биде вклучен/а во обезбедување на бесплатна правна помош на жените од руралните средини во поглед на пристап до права од социјалната заштита и права на земјоделска дејност, со ангажман од 6 работни часа неделно во времетраење од 12 месеци во канцеларијата на Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР во Прилеп, во вклучени посети во руралните средини во Пелагонискиот Регион.
- Правникот/правничката ќе биде задолжен/а за давање на совети на жени од руралните средини, жени ангажирани во земјоделска дејност или во бизнис ентитети во руралните средини.
- Воспоставување на комуникација со надлежни инстиуции за обезбедување на целосна информативна и советдавна поддршка
Овој анагажман цели кон воспоставување на правна помош и советодавна поддршка за жени од рурални средини и/или жени вклучени во земјоделска дејност или рурален економски развој, преку континуирана достапност на информации за начинот на вршење на земјоделската дејност или дејности во склоп на руралниот развој, олеснувањата и поволностите што ги нуди државата во нормални и во кризни услови, но и информации за поврзување на правата од работен однос во контекст на вршење на земјоделската дејност.
Услови што треба да ги исполнува кандидатот/ката:
- Дипломиран/а правник/чка со завршено високо образование;
- Претходно искуство во обезбедување на правна помош и услуги;
- Минимум 1 (една) година работно искуство;
- Познавање на правни документи за обезбедување на правна помош за пристап до права од социјална заштита и права од земјоделска дејност
- Подготвеност за работа во руралните средини во Пелагониски регион;
- Добри комуникациски и организациски вештини.
Селектираниот правник/чка ќе биде ангажиран/а 10 месеци почнувајќи од 01ви септември 2020 до 30ти јуни 2021 и за ангажманот предвиден е финансиски надоместок од 100 долари месечно (во денарска противвредност), со договор за работа на проект.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија (CV) и диплома за завршено образование, најдоцна до 24ти август 2020 на lagagrolider@gmail.com, или на адреса ул. Ѓорѓи Димитров 51, Прилеп со назнака „Апликација за правник/правничка“.
Постапката за избор на кандидат/ка ќе ја врши проектниот тим од ЛАГ АГРО ЛИДЕР, која изборот ќе го изврши најдоцна до 28.08.2020
Сите прашања за повикот може да ги упатите на истата мејл адреса.