×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР добитник на награда – плакета 3ти Ноември

По повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, Општина Прилеп како и секоја година и оваа година додели награди на истакнати личности и организации за даден особен придонес за развој на градот Прилеп.

ЛАГ АГРО ЛИДЕР ја имаше честа да биде дел од добитниците на награди– плакета 3ти Ноември за постигнати значајни резултати и достигнувања за подобар живот во локалната заедница.

Оваа награда претставува огромна чест за нас и нè прави особено горди зошто е признание активизмот на ЛАГ АГРО ЛИДЕР е препознаен од граѓаните на градот Прилеп. 

 Иницијативи на ЛАГ АГРО ЛИДЕР не би биле реализирани без поддршката од донаторите, соработниците и партнерите, како и и без препознавањето и вреднувањето на нашите заложби за подобро општество од страна на Општина Прилеп, Советотот на општина Прилеп, а најмногу од граѓаните на градот Прилеп. 

Тимот на ЛАГ АГРО ЛИДЕР се води од максимата - да се даде најдоброто од себе за доброто на заедницата, а Вашата поддршка ни овозможува да го надополнуваме најдоброто во нас.

Оваа награда е поттик за нови иницијативи, уште поголеми успеси во иднина, и значаен придонес за подобар живот за граѓаните на градот Прилеп.

 

https://infokompas.com.mk/2021/11/03/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%...