EWI – Економска инклузија и социјална правда за жените од Западен Балкан

Од 1ви Јули 2025 година ЛАГ АГРО ЛИДЕР се приклучува на регионалното партнерство на проектот EWI - „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ ( Проектот EWI), спроведуван од CARE Balkans (CARE), во соработка со партнерските организации од регионот: Консалтинг за стратешки развој (Северна Македонија), ENECA (Република Србија), LINK (Босна и Херцеговина),  и Tehnopolis (Црна Гора), а  финансиран од Австриската агенција за развој од фондот на Австриската развојна соработка.

 

Целта на Проектот EWI е да ги зајакне жените (особено оние од маргинализираните и ранливите групи) од дел од земјите на  Западен Балкан и да им обезбеди целосен пристап до нивните економски права. Тоа ќе се постигне преку поддршка на претприемачките активности на жените, поттикнување на нивната вработливост и креирање на поволна средина за економски развој во Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Проектните активности ќе ги спроведува Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР Кривогаштани како подгрантист на проектот, во соработка со партнерската организација на проектот EWI - Консалтинг за стратешки развој.

 

Клучните активности кои ќе се реализираат во рамки на Проектот EWI се:

 

- Обуки за претприемништво, вработување и меки вештини,

- Финансиска поддршка на жените за започнување и развој на бизнис,

- Работилници за родовите норми и права на жените,

- Зајакнување на капацитетите на институциите и давателите на услуги,

- Јавна кампања и информативни активности.

ЛАГ АГРО ЛИДЕР  во периодот од 01.07.2025до 30.06.2027 година  во рамките на проектните активности ќе соработува со општина Прилеп, општина Кривогаштани, општина Градско и општина Долнени, како и со претставници на јавни институции, бизнис ентитети, даватели на обуки и граѓански организации со цел заедничко делување за родова еднаквост, економско јакнење и социјална правда за жените во Западен Балкан.